Ентериер

Влезете во најскапата куќа во Канада

Архитектот Вилијам Хикс е творецот на најскапата куќа во Канада, така што создава ремек дело поставено на 10 хектари тревници и градини. Тој ќе каже дека за да го создаде овој простор за живеење, црпел инспирација од архитектурата и ентериерот од претходниот век, меѓутоа со модерна реинтерпретација.

Chelster Hall е имот создаден во Оквил, Онтарио, во 2006-та година. Станува збор за простор од 43.850 квадратни метри и моментално се проценува во вредност од 43,6 милиони долари (или 59 милиони канадски долари) од страна на Sotheby’s International Realty Canada. Целиот имот моментално чека на својот нов, иден сопственик.

2-Library

Влезот е специфичен по куполата, која води до лебдечки скалила. Куќата може да се пофали со 6 спални и 14 бањи. Главниот апартман има две соблекувални, бања и балкон кој има поглед кон останатите семејни соби.

Библиотеката на два спрата има спирални скалила, кои водат кон повисокото ниво. Семејната соба како што ја нарекуваат, е поврзана со отворена кујна и соба за билијард и бар. Затворениот базен, заедно со бањите е поврзан со домашната теретана и спа центар со сауна.

3-DSC03324-SilverHouse-Toronto-Real-Estate-Photography

На имотот има вообичаени терени (што негде и се очекуваат од повеќемилионските домови), како што се тениските игралишта, киносали, куглана, но и две винарски визби. Идниот сопственик ќе има можност да слета со хеликоптер, но за да биде уште поневеројатно, има на располагање подземна гаража со простор за 12 автомобили. Но тоа не би било се, куќата има и дополнителни 30 места за паркирање, доколку сопственикот поседува навистини завидна колекција на автомобили.

4-DSC02328-SilverHouse-Toronto-Real-Estate-Photography

На изненадувањата им нема крај! Имено, имотот познат како Chelster Hall има и елегантна, приватна капела. Долниот дел од куќата содржи соба за игри, сигурносна соба, кафе бар инспириран од англиските пабови, овална сала за танц и слично.

5-Chapel2

Куќата се наоѓа покрај езерото Онтарио, а е изградена од челик обложен со дрво и изолиран бетонски материјал, со што е обезбедено дека ќе трае со генерации – исто како домовите од Англија кои го инспирирале!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *