Ликови

Питер Коглер трансформира соби во хипнотизирачки оптички илузии

Реномираниот уметник од Австрија, Питер Коглер, користи бои и сложени проекции со цел да ги претвори собите и просториите во психоделичен рај. Штом тој замеша прсти, просториите се трансформираат од обични во изобличени, искривени, хипнотизирачки, тродимензионални итн. На тој начин, Коглер им предизвикува конфузии на посетителите, збунувајќи ги и оние најинтелигентните.

Со прилично завидна кариера од преку 30 години, Питер Коглер се смета за пионир во областа на постигнување уметност со помош на компјутерската технологија. Неговите собни инсталации ги истражуваат концептите на модуларност и повторувања, менувајќи ја перспективата во врска со архитектурата на самиот посетител, што е примарно во неговата уметност.

Со употреба на хипнотизирачки линии и дизајни, Коглер се поигрува со перцепцијата на посетителот. Поставени на ѕидовите, подовите и плафоните, линиите (најчесто во црна и бела боја) создаваат чувство на недефинирано движење.

Уметничките инсталации на Питер Коглер неодоливо потсетуваат на закривените огледала од забавните куќи и паркови. Тој ги трансформира и галериите, транзитните центри, музеите, универзитетите и лобијата, создавајќи сосема нетипични и несекојдневни искуства!