Мини колачиња со рум

1 МОДЛА

40 МИНУТИ

Потребни состојки:
  • 250 мл. млеко
  • 1 жолчка од јајце
  • 1 цело јајце
  • 25 гр. путер
  • 60 гр. брашно
  • 125 гр. шеќер во прав
  • Половина лажичка ванилин шеќер
  • 2 лажици рум
  • Малку сол

1. Сварете го млекото и додадете ги путерот и ванилиниот шеќер додека мешате.

2. Во друг сад изматете ги жолчката, целото јајце и шеќерот, додека смесата не стане кремаста и пенаста. Потоа додадете ги брашното и румот и мешајте.

3. Топлото млеко го додавате во тестото и добро мешате. Тестото треба да се остави на страна, да отстои. Следно, ставете го тестото во модлата, која потоа ја ставате во плех во загреана рерна на 10 минути на 220ºC, а потоа 20 минути на 175ºC.

4. По ваѓање од рерна, почекајте да се оладат и отстранете ги од силиконската модла. Уживајте!