Процесот на подготовка на домашно сирење со употребата на овој сад за таа намена е генерално следен: Во садот ставате млеко по ваш избор, додавате лимонов сок, оцет или пак јогурт, а потоа сето тоа ставете го во микробранова за да го забрзате процесот на ферментација. Подоцна го ставате да стои во фрижидер час и половина и го имате посакуваниот производ!

Домашен tzatziki сос

ЗА 2 ОСОБИ

1 ЧАС И 45 МИНУТИ

Потребни состојки:

  • 750 мл. свежо млеко
  • 1 и пол чаша јогурт + 1 лажица јогурт
  • Половина краставица
  • 2 лажички оригано
  • 2 чешниња лук
  • Маслиново масло

1. Додадете ги јогуртот и млекото во садот за правење на сирење и ставете го во микробранова печка (со полна моќност) околу 13-14 минути.

2. Извадете го и измешајте го со лажица. Оставете да се олади на собна температура околу 30 минути. Покријте го и оставете го во ладилник околу 1 час.

3. Исечкајте ги лукот и краставицата на што помали парчиња. Кога ќе го извадите садот од ладилник, измешајте ги со истото, додадете оригано и маслиново масло и уживајте во вкусната храна!

ВАЖНО! БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ КОГА ГО ЗАТОПЛУВАТЕ МЛЕКОТО! Во микробрановите печки, течностите можат да се загреат до температура која е повисока од точката на вриење, без тоа да биде видливо со око. Дури и додавањето на прибор или состојка можат да предизвикаат ненадејно вриење и течноста да претече. За тоа да не се случи, ви го советуваме следното:

  1. Стриктно следете ги инструкциите од упатството на производителот на вашата микробранова печка.
  2. Не го прегревајте млекото повеќе од препорачаното во брошурата или рецептот.
  3. Промешајте го млекото пред да го ставите во микробранова печка.

Оставете го садот да отстои 20-30 секунди по загревањето на млекото. По истекот на ова време, бидете внимателни кога ставате лажица и каква лажица ставате во него. Истото се однесува и за состојките.

Исто така, доколку не сте сигурно во спецификациите, имате опција да го загреете млекото во посебен сад и на темепратура од 92ºC, а потоа да ко искористите садот Fresh Cheese Maker за останатиот дел од подготовката и обликувањето на сирењето.