Јогурт со житарици и овошје

Потребни состојки:

  • 40 гр. овесни снегулки
  • 20 гр. оризови снегулки
  • 20 гр. лешници
  • 150 мл. грчки јогурт
  • 20 гр. јагоди
  • 20 гр. малини
  • 20 гр. боровинки

ЗА 1 ОСОБА

10 МИНУТИ

1. Во поголемиот сад ставете го јогуртот и трите видови на овошје: јагоди, малини и боровинки.

2. Во малиот силиконски сад ставете ги житарките: овесот, лешниците и оризовите снегулки.

3. Штом ќе осетите глад, било каде и да сте, само извадете го садот и измешајте ги житариците со јогуртот.

Крем супа од моркови

Потребни состојки:

  • Семки од сончоглед
  • Семки од тиква
  • Пржен кромид
  • 150 гр. морков
  • 50 гр. праз
  • 50 гр. компир

ЗА 1 ОСОБА

10 МИНУТИ

1. Исечкајте ги празот, морковот и компирот.

2. Сварете ги компирот, морковот и празот за време од 10 минути.

3. Измиксајте го зеленчукот со помош на блендер, додека не ја добиете идеалната смеса.

4. Ставете ја супата од зеленчук во големиот сад, додека пак во помалиот сад ставете ги семките. Кога ќе почувствувате глад, само додајте ги во супата!