Мини пити од јаболка

ЗА 4 ОСОБИ

30 МИНУТИ

Потребни состојки:

  • 2 листови (слоја) тесто
  • Јајце
  • 400 гр. јаболка (приблино 2 јаболка)
  • 50 гр. шеќер
  • 20 гр. путер
  • 10 мл. масло

УПАТСТВО ЗА ФИЛОТ:

1. Исечете ги и излупете ги јаболката на мали парчиња и додадете го шеќерот.

2. Во загреана тава ставете 30 мл. масло, додадете ги јаболката и пржете 2 минути. Потоа додадете путер. Гответе додека не добијат светло златна боја.

3. Оставете да се изладат.

УПАТСТВО ЗА МИНИ ПИТИ:

1. Првиот слој (лист) тесто ставете го на дното на модлата. Тестото може да биде и лиснато, или од пица. Со јајце премачкајте ги калапите т.е. вдлабнатините од модлата.

2. Наполнете ги вдлабнатините рамномерно со филот.

3. Ставете го вториот слој тесто врз полнењето. Доколку сакате финиш на питите како со засеци, искористете го таквиот додаток за мазнење.

4. Исечете ги мини питите преминувајќи со мазниот валјак низ површината на тестото.

5. Извадете ги питите од модлата и пренесете ги на хартија за печење, а подоцна на плех и ставете ги во рерна да се печат. Пред да ги ставите на печење премачкајте ги со остатокот од јајцето и наросете шеќер.

6. Печете на 15 минути на темепратура од 185ºC. Оставете ги да се изладат и мини питите се спремни!