Зимница од кисели краставички и копар

ЗА 8 ОСОБИ

25 МИНУТИ + 4 ДЕНА ЗА ФЕРМЕНТАЦИЈА

Потребни состојки:

  • 300 гр. свежи кисели краставички
  • 10 гр. свеж копар
  • 1 главица лук
  • 5 гр. семе од сенф
  • 15 гр. црн пипер
  • 5 гр. каранфилче
  • 15 гр. нејодизирана сол
  • 200 мл. флаширана вода

1. Добро измијте ги киселите краставички и исечете ги на релативно еднакви, тенки парчиња, во вертикална форма.

2. Измешајте ги водата и солта и оставете ги на страна.

3. Поставете ги краставичките во теглата, ставете го и лукот и додадете ги останатите зачини на нив. Притиснете према долу со дискот кој се наоѓа во сетот и додадете ја течноста (водата со сол). Проверете дали зеленчукот е целосно потопен во неа. Доколку не е, употребете го дискот уште еднаш.

4. Оставете ја теглата да ферментира 4 дена, на собна температура и на темно место. Подоцна, складирајте во фрижидер. Уживајте!

Зимница од моркови и кромид

ЗА 8 ОСОБИ

15 МИНУТИ + 4 ДЕНА ЗА ФЕРМЕНТАЦИЈА

Потребни состојки:

  • 200 гр. кромид
  • 150 гр. морков
  • 1 лажица црвен пипер
  • 5 гр. семе од коријандер
  • 15 гр. нејодизирана сол
  • 200 мл. флаширана вода

1. Добро измијте ги морковите и кромидот, а потоа исечкајте ги на тенки парчиња.

2. Измешајте ги водата и солта и оставете ги на страна.

3. Поставете ги морковите и кромидот во теглата и зачинете со зачинот од црвена пиперка и коријандерот. Притиснете према долу со дискот кој се наоѓа во сетот и додадете ја течноста (водата со сол). Проверете дали зеленчукот е целосно потопен во неа. Доколку не е, употребете го дискот уште еднаш.

4. Оставете ја теглата да ферментира 4 дена, на собна температура и на темно место. Подоцна, складирајте во фрижидер. Уживајте!

Зимница од црвен кромид и соја сос

ЗА 8 ОСОБИ

20 МИНУТИ + 4 ДЕНА ЗА ФЕРМЕНТАЦИЈА

Потребни состојки:

  • 400 гр. црвен кромид
  • 150 мл. сок од портокал
  • 1 лажица шеќер
  • 50 мл. соја сос

1. Исечкајте го кромидот (по можност во форма на ленти т.е. спирали) и оставете го на страна.

2. Измешајте ги соја сосот, портокалот и шеќерот заедно и оставете ги на страна.

3. Поставете го кромидот во теглата и додадете ја течноста. Притиснете према долу со дискот кој се наоѓа во сетот. Проверете дали зеленчукот е целосно потопен во неа. Доколку не е, употребете го дискот уште еднаш.

4. Оставете ја теглата да ферментира 4 дена, на собна температура и на темно место. Подоцна, складирајте во фрижидер. Уживајте!

Придобивки од ферментиран зеленчук

Ферментацијата создава ситуација во која се активираат активираат закиселените бактерии, присутни во зеленчукот. Процесот фаворизира создавање на млечни киселини, богати со здрави пробиотици. Оваа ситуација ги елиминира штетните бактерии и создава киселини кои ја сочувуваат храната во најздрав облик. 

Придобивките се следни:

  • Ја подобрува дигестијата и варењето на храната.
  • Спречува храната да ја изгуби хранливата вредност.
  • Помага да се зголеми бактериската разновидност и ја враќа природната рамнотежа на цревната флора.
  • Го подобрува варењето на глутенот.
  • Го зајакнува имунолошкиот систем.
65649239_463341824449192_1760449918343571821_n