Стандардни макаронси

ЗА 12 ОСОБИ

45 МИНУТИ

Потребни состојки:

  • 280 гр. шеќер во прав
  • 160 гр. бадеми
  • 3 белки од јајца
  • 50 гр. шеќер
  • Половина лажичка ванила
  • Малку сол

НАПОМЕНА: Оваа количина е за подготовка на 30 макаронси!

1. Измешајте го шеќерот во прав со мелените бадеми.

2. Во посебен сад изматете ги белките од јајцата со миксер. Додадете еден прстофат сол, а постепено додавајте го обичниот шеќер се’ додека не добиете густа смеса. Додадете една половина од шеќерот во прав и мелените бадеми и убаво промешајте. Додадете ја ванилата, а потоа останатиот дел од мешаниот шеќер во брав и мелените бадеми и продолжете со мешање додека смесата убаво не се соедини.

3. Ставете дел од мешавината во DECOMAX шприцот и полнете во модлите од силиконскиот сад наменет за макаронси, се до назначениот простор. Ознаките ќе ви помогнат во тоа кога тестото се шири да не претече и секој макаронс да има перфектна големина.

4. Тестото го оставате да отстои на собна температура помеѓу 30 и 35 минути. Гответе во загреана рерна на 150ºC, од 20 до 25 минути со додека макаронсите не се оформат.

5. Повторете го процесот за преостанатото тесто.

6. Кога ќе се оладат наполнете ги во средина по ваш вкус и желба. Направете полнење од мармалад, чоколадо или крем од лешници.

Чоколадни макаронси со полнење од портокал

ЗА 12 ОСОБИ

1 ЧАС

Потребни состојки:

НАПОМЕНА: Оваа количина е за подготовка на 30 макаронси!

  • 280 гр. шеќер во прав
  • 160 гр. бадеми
  • 3 белки од јајца
  • 50 гр. шеќер
  • Половина лажичка ванила (ванилин шеќер)
  • 2 лажици какао во прав
  • Малку сол

Потребни состојки за полнење:

  • 100 мл. сок од портокал
  • 1 лажица рендана кора од портокал
  • 65 гр. шеќер
  • 70 гр. путер
  • 1 жолчка од јајце
  • 1 јајце
  • 10 гр. пченкарно брашно

1. Измешајте го шеќерот во прав со мелените бадеми.

2. Во посебен сад изматете ги белките од јајцата со миксер. Додадете еден прстофат сол, а постепено додавајте го обичниот шеќер се’ додека не добиете густа смеса. Додадете една половина од шеќерот во прав, какаото и мелените бадеми и убаво промешајте. Додадете ја ванилата, а потоа останатиот дел од мешаниот шеќер во брав и мелените бадеми и продолжете со мешање додека смесата убаво не се соедини.

3. Ставете дел од мешавината во DECOMAX шприцот и полнете во модлите од силиконскиот сад наменет за макаронси, се до назначениот простор. Ознаките ќе ви помогнат во тоа кога тестото се шири да не претече и секој макаронс да има перфектна големина.

4. Тестото го оставате да отстои на собна температура помеѓу 30 и 35 минути. Гответе во загреана рерна на 150ºC, од 20 до 25 минути со додека макаронсите не се оформат. Повторете го процесот за преостанатото тесто.

5. Загрејте го сокот од портокал со половина од шеќерот и путерот. Во посебен сад измешајте го јајцето, жолчката од јајцето, преостанатиот шеќер и пченкарното брашно.  Додадете ја смесата во мешавината со сок од портокал. Измешајте добро да се соединат. Споената смеса гответе ја во сад на тивок оган, мешајќи постојано, додека не згусне. Кога ќе го извадите од шпорет, ставете ја ренданата кора и почекајте да се олади и наполнете ги макаронсите.