Мафин со фил од крем сирење и лимон
Потребни состојки:
Потребни состојки за крем сирење:
УПАТСТВО ЗА ОСНОВАТА:
1. Разматете го путерот, заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додавајте ги и јајцата, едно по едно и истовремено мешајте. Откако добро ќе ги измешате, во смесата ги додавате брашното, млекото и квасецот во прав. Миксајте се додека не добиете хомогена смеса.
2. Добиената смеса истурете ја во силиконските калапи за мафини и печете ги во загреана рерна на 180ºС, околу 18-20 минути. Извадете ги и оставете ги да се оладат пред да ги декорирате.
УПАТСТВО ЗА ФИЛОТ:
1. Оставете го путерот да омекне на собна температура. Потоа, префрлете го во поголем сад и матете 2 минути, додека не добиете смеса која е мека и пенаста. Додадете го мекото крем сирење и продолжете да мешате уште дополнителни 2 минути. Откако добро ќе измешате, додадете го шеќерот, прстофат сол и изренданата кора од лимон и мешајте уште 3 до 4 минути.
2. Доколку сакате кремастото пена-сирење да добие боја, додадете неколку капки од омилената боја за храна. Декорирајте ги мафините по ваша желба, а може да додадете и одредени бонбони.
Мафин со фил од ванила
Потребни состојки:
Потребни состојки за филот:
УПАТСТВО ЗА ОСНОВАТА:
1. Разматете го путерот, заедно со шеќерот и ванилиниот шеќер. Додавајте ги и јајцата, едно по едно и истовремено мешајте. Откако добро ќе ги измешате, во смесата ги додавате брашното, млекото и квасецот во прав. Миксајте се додека не добиете хомогена смеса.
2. Добиената смеса истурете ја во силиконските калапи за мафини и печете ги во загреана рерна на 180ºС, околу 18-20 минути. Извадете ги и оставете ги да се оладат пред да ги декорирате.
УПАТСТВО ЗА ФИЛОТ:
1. Во сад разматете ги сите состојки кои се неопходни за филот, додека не добиете хомогена и кремаста смеса. Обично се потребни околу 5 минути.
2. Доколку сакате пената да добие боја, додадете неколку капки од омилената боја за храна. Декорирајте ги мафините по ваша желба.