Чизбургер со BBQ сос

ЗА 4 ОСОБИ

Потребни состојки:

  • 600 гр. телешко или свинско месо
  • 1 јајце
  • Половина кромид
  • Сецкан магдонос
  • 1 лажичка сенф
  • 80 гр. кашкавал
  • Краставица и домати

Потребни состојки за сосот за скара:

  • 200 гр. кечап
  • 3 супени лажици вински оцет
  • 1 лажица мед
  • 1 лажица сенф
  • 1 чешне лук
  • 1 лажица масло
  • 1 лажица лимунов сок
  • Сол/Бибер

1. Олупете го кромидот, исецкајте го и измешајте го со месото, магдоносот, сенфот, јајцето, солта и биберот и добро измешајте ја смесата од која ќе направите плескавици.

2. Направете 4 бургери со модлите, а на секоја плескавица направете вдлабнатина (со горната страна од белиот додаток со кој ги притискавте плескавиците) и додадете кашкавал.

3. Испечете ги и ставете ги во лепчиња. Внатре додадете ги другите состојки (салатите).

ЗА BBQ-СОСОТ:

1. Изгмечете го лукот во сад и додадете малку сол и бибер.

2. Додадете ги зачините, сенфот и медот и мешајте.

3. Додадете ги останатите состојки и мешајте додека не добиете смеса.

Чикен бургер со јогурт-сос

ЗА 4 ОСОБИ

Потребни состојки:

  • 500 гр. пилешко месо
  • 1 јајце
  • Салати
  • 1 главица лук
  • Ливчиња нане

Потребни состојки:

  • 1 домат
  • 1 кромид
  • Јогурт
  • Маслиново масло
  • Лимон
  • Сол/Бибер
  • Магдонос

1. Излупете го и исецкајте го лукот, заедно со листовите од нане и јајцето и измешајте ги со меленото пилешко месо.

2. Направете 4 хамбургери со помош на силиконските модли, а кога ќе ги оформите извадете ги и испечете ги.

3. Кога ќе бидат готови ставете ги во лепчиња и додадете ги салатите кои сте ги одбрале.

ЗА ЈОГУРТ-СОСОТ:

1. Исечкајте ги доматот и кромидот и зачинете ги со сол и маслиново масло.

2. Измешајте го јогуртот со лимоновиот сок и додадете малку сол.

3. Послужете како додаток со чикен бургерот и ставете магдонос врз него.