Кинески равиоли полнети со зелка, свинско месо и зеленчукова супа
ЗА 3 ОСОБИ
20 МИНУТИ
Потребни состојки:
Исечкајте ги морковите и кромидот. Истовремено исецкајте ја зелката и добро измијте ја. Потпржете ги овие три состојки во тава со масло околу 6-7 мин. Додадете ги месото и зачините и продолжете со готвење уште 5 минути и често мешајте ги состојките за да не загорат.
Тестенините од лазања исечете ги на квадрати, од по 8-9 cm. Во средината од секоја тестенина ставете една полна лажица од смесата од месо и зеленчук. Затворете ја смесата со лазањата и полека со прстите притискајте странично.
Зленчуковата супа истурете ја во силиконскиот сад за готвење, на самото дно. Над неа го ставате послужавникот кој доаѓа со садот, а на него ги поставувате претходно подготвените равиоли. Затворете го садот и ставете го во микробранова печка на 3-4 минути (додека не постанат меки).
Служете во плитка чинија и прикријте ги со супата. Соја сосот послужете го одделно.