Јајце со сланина, кромид и компир

ЗА 1 ОСОБA

Потребни состојки:

  • 1 јајце
  • 2 парчиња сланина
  • 1 кромид
  • 1 компир
  • Сол/Бибер

Излупете ги и исечкајте ги компирите, а потоа сварете ги во солена вода, се’ додека не станат меки. Сланината ставете ја во OVO модлите, така што парчињата сланина се прекрстуваат едно со друго на дното на модлата (во форма на X). Скршете го јајцето и разматкајте го. Зачинете го со сол и бибер по желба и истурете ја смесата од јајцето во модлите. Сега, ставете ги OVO модлите во сад со зовриена вода на време од околу 15 минути, или доколку сакате во микробранова печка, околу 90 секунди на 800W.