Чоколадни пуканки

6 МИНУТИ

Потребни состојки:

  • 100 гр. пуканки за пукање
  • 15 мл. маслиново масло (три лажици)
  • 10 гр. шеќер (една лажица)
  • 50 гр. чоколадо
  • Рендана кора од 1 портокал

Измерете 100 грама од пуканките, со помош на мерачот во внатрешноста на силиконската модла, додадете ги маслиновото масло и шеќерот, промешајте, затворете го садот и ставете го во микробранова печка на 4 минути, на 800W.

Откако ќе го извадите силиконскиот сад, ставете ја чоколадата (искршете ја) над пуканките, покријте го садот и повторно вратете го во микробранова печка на 800W, на 1 минута. Кога ќе бидат готови промешајте и додадете ја ренданата кора од портокал. Протресете го садот за убаво да се помешаат и уживајте!

Пуканки во кари

6 МИНУТИ

Потребни состојки:

  • 70 гр. пуканки
  • 20 гр. путер
  • Кари
  • Сол
  • Кокосови снегулки

Ставете ја пченката во силиконскиот сад за пуканки. Прекријте го со капакот, на начин на кој нема да го прекрие садот комплетно. Ставете го во микробранова на 800W и гответе измеѓу 2 и 4 минути.

Во друг сад ставете го путерот за да се стопи, а садот го носите во микробранова печка околу 30 секунди. На истопениот путер му ги додавате солта и карито. Убаво измешајте и мешавината истурете ја врз подготвените пуканки. На крајот може да го додадете и кокосот за подобар вкус.