Чоколаден куглов

ЗА 8-10 ОСОБИ

1 ЧАС

Потребни состојки:
  • 160 гр. шеќер
  • 110 гр. брашно
  • 35 гр. какао во прав
  • 4 гр. сол
  • 4 гр. прашок за пециво
  • 3 гр. сода бикарбона
  • 30 гр. путер
  • 30 мл. млеко
  • 80 гр. сончогледово масло
  • 1 јајце
  • 7 гр. ванила
  • 30 мл. вода
Потребни состојки за преливот:
  • 5 гр. нерастворен желатин
  • 70 мл. вода
  • 100 гр. шеќер во прав
  • 75 гр. темно чоколадо
  • 15 гр. какао во прав
  • 30 мл. течен крем

УПАТСТВО ЗА КУГЛОВ:

1. Загрејте ја рерната на 190ºC.

2. Просеете го брашното и измешајте го со шеќерот, солта, прашокот за пециво, сода бикарбоната и какаото во прав. Тргнете ја смесата на страна.

3. Мешајте ги јајцето, путерот, ванилата и маслото околу 4 минути. Потоа додадете ја претходната мешавина и мешајте уште 2 минути.

4. Загрејте ја водата, додадете ја во мешавината и промешајте убаво уште 2 минути.

5. Крајната мешавина истурете ја во силиконскиот калап за куглов и печете од 30 до 35 минути на 190ºC. Пред да го извадите од калапот, оставете го кугловот да отстои околу 1 час и да се олади.

УПАТСТВО ЗА ЧОКОЛАДЕН ПРЕЛИВ:

1. Ставете го желатинот во 70 мл. вода и оставете да го да нарасне.

2. Растопете го чоколадото со кремот и остатокот од водата и добро мешајте, додавајќи ги постепено шеќерот во прав и какаото.

3. Загрејте го желатинот со водата во микробранова печка околу 30 секунди и додадете го во мешавината со чоколадо.

4. Целата смеса измешајте ја добро во блендер, со цел да избегнете грутки. Оставете ја да постои во собна температура.

5. Оставете да олади околу 30 минути и декорирајте го колачот.