Чоколаден мус со малини
ЗА 8-10 ОСОБИ
35 МИНУТИ
1. За основата: измелете ги бисквитите многу ситно, во блендер, а истовремено додадете ги какаото и 100 гр. путер. Добиената смеса истурете ја во калапот. Притискајте со лажица према долу, со цел да добиете рамномерна основа и ставете го калапот во фрижидер.
2. За чоколадниот мус: сварете го млекото и додадете го шлагот во прав. Сето тоа го истурате врз сецканата чоколада. Мешајте се додека чоколадото не се истопи. Потоа, додадете го внатре 25 грамскиот путер, измешајте добро и тргнете ја добиената смеса на страна.
3. Изматете ги белките од јајцата во засебен сад, а кога ќе почнат да растата, додадете го шеќерот. Потоа додадете ги жолчките и продолжете да мешате уште неколку секунди.
4. Измешајте околу 1/5 од смесата со јајца со претходно подготвениот чоколаден крем и додајте ги сите преостанати состојки и измешајте.
5. Со џемот од малини треба да ја премачкате основата, односно долниот дел од калапот на кој се наоѓа базата од бисквити (со тенок слој). Притоа, оставете 1 цм од рабовите без џем.
6. Конечно, истурете го чоколадниот мус во калапот и ставете го во замрзнувач околу 2-3 часа, со цел да се зацврсти. Украсете со малини и какао во прав.