Брокула подготвена на пареа
ЗА 2 ОСОБИ
5 МИНУТИ
Потребни состојки:
1. Рамномерно исечкајте ја брокулата, а исто така и кромидот (по можност во форма на ленти т.е. спирали) и оставете ги на страна.
2. Најздола во садот ја ставате мешавината од соја сос, црвен пипер и мед. Потоа го ставате послужавникот внатре и на него ги редите брокулата и кромидот. Затворете и ставете го во микробранова на 4 минути на 800W.
3. Штом го извадите садот, нека отстои 1 минута. Тогаш го отворате и ги ваѓате најпрво брокулите и кромидот. Подоцна врз нив истурете го сосот од дното на садот.
4. На крај, додадете ги во сосот сусамот и сусамовото масло, за уште поубав вкус. Сервирајте и уживајте!
Печен лосос со зеленчук и сос од јогурт
ЗА 2 ОСОБИ
5 МИНУТИ
Потребни состојки:
1. Исечкајте ги морковите и тиквиците и ставете ги на дното од садот. Додадете ја и водата и ставете го садот во микробранова на 2 минути, на 800W.
2. Добро измијте го лососот, зачинете го со сол и бибер, а потоа ставете го над морковот и тиквицата.
3. Исецкајте го магодносот и измешајте го со маслиново масло, сол и бибер.
4. На крај, сервирајте го прво зеленчукот, а згора поставете го лососот. На врвот додадете сос од јогурт и уживајте!