Домати полнети со ориз и билки
ЗА 2 ОСОБИ
20 МИНУТИ
Потребни состојки:
Најпрво излупете го кромидот и чешнињата лук, а потоа исецкајте ги. Загрејте го маслото во тава и пржете ги лукот и кромидот на тивок оган околу 3-4 минути.
Додадете го и оризот. Потоа, измијте ги листовите магдонос и босилек, исецкајте ги и додадете ги во оризот. Истовремено додадете го и пармезанот и промешајте.
Следно, измијте ги доматите, исечете го горниот дел и испразнете ја внатрешноста со лажичка.
Доматите најпрво ги полните со подготвениот ориз. Садот за готвење на пареа го поставувате на тенџере со вода која врие. Бидете сигурни дека стабилно и безбедно сте го поставиле. Следно што треба да направите е да ги ставите доматите во едно од нивоата на садот за готвење на пареа. Гответе на тој начин од 8 до 10 минути. Сервирајте и уживајте!