Веге пијалок од овесни снегулки

Потребни состојки:

  • Половина шолја овесни снегулки
  • 700 ml вода

ЗА 4 ОСОБИ

10 МИН. + 12 ЧАСА ДА ОТСТОИ

1. Ставете ги состојките и водата во садот, полнејќи до означената линија и оставете ги да отстојат 12 часа.

2. Со рачен блендер мешајте 2-3 минути, на максимална брзина.

3. Оставете го да отстои за околу 2 до 3 минути.

4. Ставете го филтер-додатокот во садот и нежно притискајте према долу, со цел да се исфилтрира течноста.

5. Претурете го пијалокот во другиот сад, по желба оладете го и уживајте!

Веге пијалок од ореви

Потребни состојки:

  • Една шолја ореви
  • 700 ml вода

ЗА 4 ОСОБИ

10 МИН. + 12 ЧАСА ДА ОТСТОИ

1. Ставете ги состојките и водата во садот, полнејќи до означената линија и оставете ги да отстојат 12 часа.

2. По 12 часа променете ја водата. Ставете го филтерот и исцедете ја течноста во друг сад, без да ги отстраните оревите.

3. Повторно додадете 700 ml вода до означената линија (како во првиот чекор).

4. Со рачен блендер мешајте 2-3 минути, на максимална брзина. По завршеток, оставете да отстои уште 2-3 минути.

5. Ставете го филтер-додатокот во садот и нежно притискајте према долу, со цел да се исфилтрира течноста.

6. Претурете го пијалокот во другиот сад, по желба оладете го и уживајте!

Зошто да одберете веге пијалок?

Дали сте нетолерантни на лактоза? Имате желба да пристапите кон веганска диета или едноставно да истражувате и откривате нови вкусови? Со помош на нашиот сет ќе бидете во можност да подготвите веге пијалок на хигиенски начин, многу брзо и многу лесно!

Со подготовката на веге пијалоци во домашни услови, вие имате огромна предност. Имено, ги знаете состојките кои се ставаат и сигурни сте дека пијалокот кој го подготвувате е 100% безбеден.

Исто така ќе откривате и нови вкусови, со примена на нови рецепти. Принципот на подготовка е ист како и со првиот рецепт. Може да употребувате и бадеми, ориз, лешници и слично. Притоа, доколку сакате да го заблажите пијалокот на природен начин, може да додадете и суви кајсии, суво грозје, урми и слично.