Мебел

Саем за мебел – Милано 2019

Саемот за мебел кој традиционално се одржува во Милано, градот кој се смета за база на модата во секоја смисла на зборот, оваа година го „доживува“ своето 58-мо издание. Почнувајќи од 09.04 па се до 14.04, саемот е во фокусот на вниманието, не само во Италија, туку и на интернационално ниво.

И оваа година се очекува да бидат изложени најновите и најуникатните достигнувања од областа на мебелот, од страна на најголемите светски брендови. Имено, овогодинешниот саем на мебел во Милано е поделен во три категории во однос на стилот:

  • Класика, која се базира на вредностите на традицијата и вештините во создавање на уметност од изработката на мебел или додатоци во класичен стил;
  • Дизајн, кој се одликува со парчиња мебел и генерално производи кои се одликуваат со големо чувство за стил, функционалност и иновации; и
  • Луксуз, кој е посветен на безвременските луксузни парчиња мебел, со модерна и современа компонента.

Секоја година, саемот е просечно посетен од повеќе од 370.000 посетители, од 188 различни земји. Секако, на саемот се изложени производи, потпишани од страна на најважните брендови, меѓународни уметници и дизајнери во светот. Дел од нив се и производите од брендовите кои може да ги најдете и во нашите продавници како: Doimo Salotti, Domitalia, Bonaldo, Pedrali, Stosa, Santa Lucia итн. Во продолжение погледнете дел од фотографиите со новитети и генерално што фирмите презентираат:

BONALDO

STOSA CUCINE

DOIMO SALOTTI

SANTA LUCIA

DOMITALIA

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *