Здрав Живот

Сѐ што треба да знаете за авокадото

Авокадото како намирница денес има тенденција да се употребува како неизоставен дел од водењето на здрав живот, барем што се однесува до исхраната. Авокадото нуди речиси 20 витамини и минерали во една порција, вклучувајќи калиум (кој помага во контрола на крвниот притисок), лутеин (кој е добар за вашите очи) или фолна киселина (која е клучна за обнова и подобрување на клетките за време на бременоста на жената). Исто така е добар извор на витамин B, кој ви помага во борбите со болестите и инфекциите. Сепак, постојат низа на бенефиции кои ги добивате со консумација на оваа супер храна. Се прашувате кои? Прочитајте во продолжение.

1. Луѓето кои консумираат авокадо имаат тенденција да бидат поздрави

Студијата објавена во Nutrition Journal доаѓа до заклучок дека потрошувачите на авокадо имаат тенденција да внесуваат поголем број на хранливи состојки, што придонесува за пониски стапки на прекумерна тежина, помалку стомачни масти и одлично ниво на HDL или таканаречениот „добар холестерол“.

2. Авокадото многу добро ги апсорбира антиоксидантите

Некои хранливи материи се растворливи во масти. То значи дека треба да ги консумирате со масти, така што вашето тело ќе може правилно да ги апсорбира. Студијата објавена во The Journal of Nutrition вели дека авокадото или маслото од авокадо ја зголемуваат апсорпцијата на токсините во организмот.

3. Авокадото може да помогне во спречување на канцерот

Студијата објавена во Cancer Research зборува за тоа дека постои соединение извадено од авокадото, познато како авоказин B, кое може да помогне во убивањето на леукемичните клетки, а воедно и да ја спречи појавата на канцер.

4. Авокадото го намалува ризикот од срцеви заболувања

Јадењето на едно авокадо дневно, во склоп со исхраната, може да доведе до намалување на таканаречениот „лош холестерол“ LDL.

5. Авокадото помага во губење на тежината

Истражувањето објавено во Nutrition Journal доаѓа до заклучок дека луѓето кои јадат авокадо како оброк се чувствуваат за 23% позадоволни од останатите. Исто така, тие имале 28% помала желба за храна во наредните пет часа наспроти оние кои не консумирале авокадо.

6. Авокадото го подобрува здравјето на мозокот и меморијата

Авокадото е богато со олеинска киселина (OEA), односно омега-9 масна киселина која е поврзана со подобрување на распознавањето и меморијата.

7. Авокадото го подобрува метаболизмот

Метаболизмот често може да се бори со низа на проблеми, како високо ниво на шеќер во кртва, висук серумски холестерол, висок крвен притисок или пак висок индекс на телесна маса, што доведува до зголемен ризик на дијабетес од типот 2 и кардиоваскуларни болести. Студијата објавена во Phytotherapy Reasearch покажува дека ма авокадото придонесува за намалување на липидите и намалување на сите претходно споменати проблеми со метаболизмот.

8. Авокадото го спречува труењето со храна

Студијата објавена во BioMed Research International открила дека антибактериската активност на авокадото може да помогне во заштита од бактерии како што е ешерихија коли и генерално труењата со храна.

9. Авокадото помага во намалување на оштетувањата на црниот дроб

Авокадото содржи хранливи материи и состојки кои штитат од хепаталните токсини. Имено, тоа може да го намали оштетувањето на црниот дроб предизвикан од вирусот на хепатитис C.

10. Авокадото е одлично за жените во текот на бременоста

Авокадото содржи високо ниво на фолна киселина и калиум (овично недоволно консумирани во диетите на трудниците), како и растителни влакна, мононезаситени масти и антиоксиданти растоворливи во липиди, кои се поврзани со подобрување на здравјето на мајките, раѓањето и квалитетот на мајчиното млеко.

Доколку и вие сте љубител на овој тип на храна, од која било причина, не пропуштајте да ја погледнете најдобрата алатка на пазарот наменета токму за употреба на авокадото. Истата погледнете ја тука.