Здрав Живот

Бамбус – најхигиенски тип на дрво

Бамбусот претставува разноврсно и брзорастечко дрво, кое денес се употребува за широк спектар на цели. Цврстината, можноста за обработка, а со тоа и разните големини и форми кои можат да се изработат од него, придонесуваат бамбусот да биде погодно дрво за бројни производи.

Познато е дека бамбусот претставува природна и одлична суровина за производство на цврст и квалитетен мебел, но и на останати производи кои се употребуваат во домаќинството.

Приближно постојат околу 1200 видови на бамбус, при што главна специфичност на сите им е надворешниот слој кој е доста густ и цврст, а истовремено флексибилен и еластичен. Како резултат на тоа и самите производи кои се изработени од бамбус се цврсти и еластични, со тенденција да се спротивстават на кршења кога се во контакт со друг цврст објект.

Бамбусот е по природа антибактериски и апсорбира најминимален процент на влага, што го прави најхигиенско од сите видови на дрва. Поради сите претходно наведени причини, дел од нашиот асортиман содржи производи, особено даски за сечење, кои се изработени од истото. Во продолжение погледнете дел од производите кај кои бамбусовото дрво е премачкано со растително масло во својата обработка и не се оштетува при допирот со ножевите: