Во движење, Здрав Живот, мода

Очила: Изберете квалитет за вашето дете

Детски очила

Детската игра започнува со првите зраци на сонцето и трае во текот на целиот ден. Во тој период децата се изложени на надворешните влијанија кои може да имаат навистина штетни последици врз здравјето. Родителите најчесто посветуваат внимание на заштитата на кожата која е изложена на сонцето, но не е реткост заштитата на очите да биде изоставена. Така, детски очила често се предмет на импулсивно купување и ретко се посветува внимание на нивниот квалитет. Фокусот е поставен на изгледот, а не на удобноста на рамките и видот на леќите, а најмалку на заштитата која ја нудат.

Оваа грешка може да овозможи сончевите зраци да влијаат на рожницата и макулата на окото при што може да се создадат анатомски и физиолошки аномалии.

Овие аномалии може да доведат до низа проблеми кај нежните детски очи. Имено, може да дојде до привремено губење на видот (најчесто делумно) кое се нормализира по соодветен одмор во темна просторија. Освен тоа, може да се предизвика зголемување на диоптерот или пак изгореници на ретината.

Кога правите избор за детски очила за заштита од сонце посветете внимание на следните карактеристики:

1. Квалитет на леќите

Посветете особено внимание на квалитетот на леќите на детските очила. Изберете леќи од препознатлив производител, со соодветна дебелина и без можност од дисторзија на сликата. Дополнително, заштитата која леќите ја нудат треба да биде верифицирана и во најмала мера UV400. Секоја дополнителна заштита е дополнителна бенефиција за здравјето на вашето дете.

2. Флексибилноста на рамките

Оваа карактеристика не изгледа како приоритет при купувањето, но може да донесе значајни бенефиции за вашето дете. Имено, флексибилните рамки придонесуваат во безбедноста и тоа при стапнување на детските очилата или при удар или пад додека вашето дете ги носи очилата. Овој пристап ќе оневозможи распрскување на цврсти и остри елементи од очилата.

3. Стил

Иако на родителот секогаш приоритетот е во заштитата, сепак визуелните и стилски барања на детето треба да бидат задоволени. Затоа, изберете детски очила со дизајн кои детето гордо ќе ги носи и ќе ги ужива сите нивни бенефиции.

Доколку не сте сигурни во вашиот избор постапете едноставно и правилно, изберете Nooz очила од сертифициран француски производител со долга традиција и истакнат квалитет.

 

Related Posts

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

9 + 16 =

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.