Дизајн, Продуктивност

Пеглање со парен генератор

 

Пеглањето за многу луѓе претставува несакана обврска. Секој сака пеглањето да го направи полесно и побрзо. Генераторот на пареа овозможува пеглањето да биде полесно и побрзо. Од 3 часа пеглање со обична пегла, истите работи со парниот генератор би ги испеглале за 2 часа. Генераторот на пареа пегла побрзо бидејќи производува 3 пати повеќе пареа од обичната пегла на пареа. А пареата е клучна за справување со наборите. Поради тоа што користи пареа, не е потреба сила за пеглањето, а воедно користи многу вода, за што има посебен и голем резервоар.

Самиот генератор на пареа ќе ви помогне доста, но за да го заокружите целиот процес на пеглање да биде ефикасен и брз, ви треба соодветна даска за пеглање.

Даската за пеглање мора да има соодветен држач каде што ќе биде сместен генераторот на пареа, односно резервоарот за вода.

Се препорачува да биде голема затоа што многу побрзо ќе ги испеглате вашите алишта на поголема површина.

Проблем може да ви се јави кај кондензирањето на големото количество на пареа, каде што ќе паѓа под даската за пеглање. Затоа ви треба соодветна подлога која ќе ја собере кондензираната вода или рамномерно ќе ја дистрибутира низ целата даска.

Даските за пеглање се делат во 3 категории: без држач за пегла (првата даска), со држач за обична пегла или пегла на пареа (даската во средина) и со држач за парен генератор (третата даска).

За да Вашиот парен генератор го користите со 100% капацитет, ви ги препорачуваме овие даските за пеглање.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

12 + 9 =

This site is protected by reCAPTCHA and the Google Privacy Policy and Terms of Service apply.