Ориз во кари со зеленчук и пилешко месо

Потребни состојки:

  • 120 гр. интегрален ориз
  • 300 ml вода
  • 100 гр. пилешки гради
  • 50 гр. морков
  • 50 гр. кромид
  • 20 гр. печурки
  • 30 гр. зелена пиперка
  • 30 гр. црвена пиперка
  • 30 гр. зелка
  • 5 гр. лук
  • 20 гр. кари
  • 50 мл. кокосово млеко

ЗА 2 ОСОБИ

20 МИНУТИ

1. Во садот Rice Cooker ставете 300 мл. вода и додадете го оризот и ставете го во микробранова на 18 мин., на максимална јачина.

2. Исечкајте ги пилешкото месо, морковот, кромидот, зелката пиперките и лукот.

3. Запржете ги пилешкото месо и зеленчукот во загреана тава.

4. Истовремено, додадете го и кари зачинот, заедно со кокосовото млеко во тавата додека го пржите пилешкото месо и зеленчукот.

5. На крај, додадете го претходно подготвениот ориз во тавата, промешајте, пропржете уште кратко и спремно е за послужување!