Ентериер

7 трендови во 2019-та за уредување на ентериерот

Кога станува збор за совршеното уредување на домот, секој дизајнер ќе каже дека мебелот или ќе го разубави или ќе го уништи просторот. За целиот дом да биде подигнат на едно повисоко естетско ниво, важен е изборот на вистинските парчиња мебел. За светските медиуми и портали, многу дизајнери и производители зборуваа на оваа тема, односно за највисоките тековни трендови, а ние ви носиме сублимација од истите истражувања.

1. Оксидиран даб

Tuilezapost

Многу дизајнери се согласуваат со оваа тема – употреба на оксидираниот даб за мебел, кој е потемна (поцрна) варијанта на оној обичниот и впрочем вистински, бел даб. Се смета дека тоа ќе обезбеди поголема удобност и стил кои луѓето и ги посакуваат.

2. Потпирачи за глава на тапацираните кревети

Замислете си колку слатки соништа може да искусите додека сте сместени под раскошните ткаенини на вашиот кревет. Трендовски се потпирачите за глава, изработени од разни материјали и категории на штоф, со разни дезени, кои даваат неодолив допир на софистицираност во спалната соба.

3. Мултифункционален мебел

Станува поголема пракса да се слушне од потрошувачите дека сакаат да ги поедностават своите домови и ентерериери. Претпоставуваме поради чувството на неизвесен и хаотичен живот. За таа цел, денес е во тренд мултифункционалниот мебел, како на пример фотелји со помошна масичка или џебови за списанија, до цели софи и гарнитури со помошни елементи и полици за складирања на книги и слично.

4. Удобни кревети

framebsidesamoafinaln2

Креветот и неговата удобност се многу важни со оглед на тоа во какво брзо и напорно окружување живееме. Сакаме да уживаме максимално кога спиеме и се релаксираме. Важен е изборот на тапацир и самиот квалитет. Истовремено во тренд се креветите кои имаат подигнати високи ногарки, а меѓудругото се пофункционални кога станува збор за одржување и чистење.

5. Геометриски форми

big-table-noce-naturale-01zapost

Едноставноста и минимализмот кои ги носат геометриските форми во ентериерот се тренд кој трае и се чини дека ќе трае и во иднина. Совршенството се повеќе се наоѓа во едноставноста на деталите, без разлика дали станува збор за мебелот или декоративните елементи како на пример уметничките слики.

6. Природни материјали

Мебелот може да предизвика фасцинација и со употреба на природните материјали и визуелната текстура. Дрвото, природниот камен, мермерот и слично, се користат во неочекувани категории, но носат луксуз и практичност за попријатно ужување.

7. Заоблен дизајн

Оваа година се повеќе и повеќе се прифаќа дизајнот на мебелот кој има кружни, односно заоблени линии. Тоа е одличен начин за да ги донесете трендовите во вашиот дом.

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *