Здрав Живот

BPA – три опасни букви поврзани со производите од пластика или силикон

Замислете ситуација во која сте набавиле ново шише за тренинг, ново шише за вашето бебе или дете или пак силиконски модли и калапи за подготовка на слатките задоволства. Ги наоѓате по многу ниска цена, во сите можни бои и на социјалните мрежи делите колку многу евтино сте поминале со производите. Одеднаш, слушате за материјалот од кои тие се изработени и откривате дека се создадени од непожелен непријател кој „одговора“ на името BPA!

Што означува кратенката BPA?

Бисфенол А (BPA) е состојка која се користи за производство на цврсти поликарбонатни пластични маси, со цел да ги направи флексибилни во однос на технолошкиот процес. Да поедноставиме, изложеноста на BPA материјалот предизвикува абнормално штетни последици за целокупното здравје на децата и возрасните. BPA материјалот се топи во содржината (вода, сок, чај, сладолед, колач и слично) и на тој начин се внесува во организмот. Истовремено, при изложеност на високи температури, овој процес значително се забрзува.

Зошто е штетна оваа состојка?

Европската Унија (поточно Европската агенција за сигурност на храната и лековите – EFSA) и Американската агенција за храна и лекови FDA ја забрануваат употребата на BPA материјалот во производството на шишиња за бебиња. Направени се неколку истражувања на оваа тема врз животни, со што резултат е страшно загрижувачки – овој материјал може да предизвика појава на карцином. Истражувањата кои досега се направени на луѓето, дале резултати со заболувања од дијабетес, болести на штитната жлезда и разни непосакувани имунолошки, невролошки и хормонски патолошки промени. Истовремено се смета дека BPA може да предизвика промена во функциите на репродуктивниот состав, синдром на полицистични јајници, вклучувајќи ја неплодноста или рак на јајник/дојка.

Во што е всушност проблемот?

Ќе го објасниме BPA феноменот во еден секојдневен пример – тренинг на личност која секојдневно оди на трчање. Пластичната флаша во која се држи напиток за хидратација, а која содржи BPA, се загрева само со држење на шишето во рака или во појасите кои се наменети за трчање, бидејќи најчесто е залепена за телото на личноста кое е загреано, а често и прегреано. Преносот на кинетичката енергија од телото на личноста која трча на пластичното шише, предизвикува миграција на BPA материјалот од пластичната маса во самиот напиток. Тренирате често, а користите било какво пластично шише кое ќе го најдете по екстремно ниска цена? Размислете пред да го направите тоа, се работи за ваше здравје!

Што да направите?

Кога размислувавме кои брендови да ги донесеме во нашата продавница и генерално во нашата земја, многу размислувавме и на оваа тема. За среќа, на наше огромно задоволство можеме да се пофалиме со производи кои апсолутно ги почитуваат сите европски регулативи поврзани со заштита, здравје и квалитет. Сите производи кои ќе ги најдете во нашиот асортиман, а се изработени од пластика или силикон се 100% BPA FREE!

Доколку ви е потребен квалитетен, функционален, стилски и здрав производ – повелете во некоја од нашите продавници!

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *