Сина светлина: проблем и решение

Доколку поминувате по неколку часа на ден користејќи електронски уреди имајте предвид дека се изложувате на голема опасност од синото зрачење кое го предизвикуваат екраните, а последиците се многубројни (главоболки, мигрени, промени во циклусот на спиење, предвремено стареење на очите, омалаксаност, замор, па дури и нервоза).

Но, што всушност претставува сината светлина, како влијае на нашите очи и како можеме да се заштитиме?

Сината светлина е присутна насекаде околу нас со оглед на тоа што сончевата светлина го содржи и тој дел од спектарот, но тоа не значи дека таа не е штетна само затоа што потекнува од сонцето, а не од електронскии уред.

Сината светлина може да биде поделена на два сегменти во однос на влијанието кое го има врз човекот.

Светлината именувана како „сино-тиркизна“ (од  455 nm до 495 nm) се смета дека е полезна и има можност позитивно да влијае на циклусот на спиење, будење и општата благосостојба на телото.

Додека сино-виолетовата светлина (од 380 nm до 455 nm, често дефинирана и како модра, модро-сина) го забрзува стареењето на клетките. Оваа светлина, во отсуство на соодветни филтри (како Nooz очилата) навлегува длабоко во окото и директно влијае на ретината, каде се процесираат дури до 90% од информациите кои окото ги прима. Со намалувањето на брановата должина се зголемува и опасноста, со оглед на тоа што се пренесува поголема енергија до ретината, таа се заморува и се забрзува процесот на стареење.

 Според одредени истражувања, просечен човек поминува 2000 часа гледајќи во екранот на електронски уред во текот на една година, а во текот на еден ден човек посегнува и до 58 пати по својот мобилен телефон. Овие активности се проследени со низа несакани ефекти и тоа потешкотии при заспивањето (несоница), губење концентрација (особено кај деца – погледнете ги Nooz за деца), главоболки, оштетување на видот и AMD (стареење на ретината).

Со практикувањето на вежбата 20/20/100 можете да ги намалите негативните ефекти на сината светлина врз вашите очи, односно на секои 20 минути издвојте време за да го упатите погледот во времетраење од 20 секунди на далечина од 100 метри. Иако полезна, оваа вежба нема можност да ги спречи несаканите ефекти, туку само го одмора окото од нив.

Единствен начин за комплетно справување со проблемот е користењето на соодветни очила со филтер за сина светлина. Ваквите очила мора внимателно да се изберат, со цел да не се спречи и делот од спектарот каде сината светлина е полезна за окото.

Неверојатните Nooz леќи

Nooz оптичките леќи филтрираат дури 99% од брановите должини помеѓу 380 и 410 nm, 80% од брановата должина на 420 nm, и 40% од брановата должина на 430 nm. Во моментот, овие леќи во однос на блокирањето на сината светлина имаат најдобри карактеристики во споредба со конкурентите на пазарот.

Дополнителна карактеристика што ги издвојува овие леќи од останатите со филтер за сина светлина е тоа што останатите леќи се вообичаено затемнети, имаат кафена нијанса и оневозможуваат правилно дефинирање на останатите бои, додека Nooz леќите се направени согласно најнова достапна технологија што овозможува овие недостатоци да бидат надминати.

Освен тоа, овие очила имаат систем против отсјај, за дополнителна удобност при користењето, тежат само 17 грама, немаат завртки, отпорни се на удари, и се ултра тенки, така што заедно со нивната футрола ќе можете да ги понесете во вашиот џеб.

Најдобриот начин за остварување на годишните цели!

Секоја успешна година започнува со добро концепиран план на цели, остварувања, обврски и ретроспектива!

Имајте предвид дека пред да започнете со планирање на целите за новата година мора да извршите ретроспектива и соодветна анализа на целите од претходната. При анализата фокусирајте се на неуспешно реализираните цели и обидете се објективно да ги пронајдете причините за неуспехот, без притоа да барате изговори.

Зад секој успешен човек стојат бројни неуспеси кои се детално анализирани, уште повеќе обиди за повторен успех и по еден Legami дневник.

За да се доближите до исполнување на одредена цел мора истата да биде специфична (за да знаете што точно сакате да направите), мерлива (за да знаете дали сте ја оствариле), достижна (според вашите можности), да се однесува на нешто кое вам Ви е важно и да е временски ограничена (за да не дојде до одложување на активностите за нејзино остварување).

За поуспешна година можете да преземете неколку чекори:

1. Расчленување
Добро дефинираната цел расчленете ја на активности чие преземање би довело до исполнување на целта.

2. Ограничување
Бидете внимателни да си дадете доволно време за извршување на сите активности и да најдете начин за правилно распределување на ресурсите со кои располагате, но сепак поставете временски рок и максимални ресурси кои е исплатливо да ги искористите за исполнување на целта.

3. Процесирање
За исполнување и на најдобро концепираните цели е потребна работа, затоа не одложувајте ниту ден и започнете со работа уште денес, а доколку се најдете во кругот на прокрастинацијата, запрашајте се: „Дали оваа цел ми е навистина важна?“.

4. Протегнување
По исполнувањето на целта размислете дали со дополнителни активности кои нема да ви одземат многу време и енергија можете да направите нешто повеќе и подобро во контекст на сработеното.

5. Користење LEGAMI дневник
Овие дневници се внимателно дизајнирани за максимизирање на продуктивности и ќе Ви овозможат полесно организирање на вашите цели и планови.

Единствено на наведениот начин, добро дефинираните и временски ограничените цели ќе бидат навистина остварливи, а во случај на нивно не достигнување би биле полесни за анализа и ретроспектива.