Обострана инспирација – ентериери и мода:

Модната индустрија и ентериерите одсекогаш биле инспирација едни за други. Доколку се направат паралели помеѓу она што се носело низ годините и стилот на ентериерите во кои што се живиеело, ќе забележиме дека овие две индустрии секогаш се прателе една со друга.

 

Најпрво можеме да ја земеме текстилната индустрија како причина за сличностите во овие две области. Многу често мотивите на материјалите кои што се користат за шиење на некое парче облека, се користат и за тапацирање на столчиња, гарнитури, фотелји, за прекривки, завеси, па се до декоративни лампи, тапети и сл.

Како друга причина можеме да ги земеме формите карактеристични за едно одредено време или период. Некогаш геометриски, некогаш футуристички, кружни, флорални, актуелниот стил во формите, секогаш бил диктиран и наметнат и од ентериерите и од модата.

Иако спектарот на боите е навистина голем и секогаш можат да се прават безброј комбинации, дури и преку нив можеме да дефинираме стил кој што презентирале ентериерите и модата. Потсетете се на стилот на 60-тите години на 20-тиот век. Жолтота, портокаловота, кафената, зелената… и сите малку пригушени, стил што веднаш можеме да го препознаеме во декорациите за домот и модните парчиња.

Денес можеме да забележиме многу различни стилови и во модата и во домовите. Се повеќе формите, текстурите и боите се мешаат едни со други, но токму ова е  причина плус за внимателно да ги анализираме и да бидат нашата инспирација за уникатен и урбан стил.

Пишува: Викторија Ланговска

Мебел кој личи на оригами:

Прекршените и неправилни форми се се’ почест пример за дизајн кој можеме да го сретнеме во современите ентериери. Како најчести предмети во ваков стил можеме да ги издвоиме формите наменети за осветлување како лустери и лампи, а од мебелот, мали масички, столчиња и фотелји.

 

Покрај овие главни и поглеми форми од мебелот, исто така постојат и уште многу други додатоци и декорации за домот како вазни, кујнски садови, часовници и сл.

Можеби на прв поглед овие дизајни ви изгледаат многу футуристички и тешки за комбинирање, но всушност овие дизајни се многу лесно прилагодливи во сите минималистички ентериери. Со нивната неправилна форма изгледаат скулптурално и на тој начин го разигруваат просторот.

Ваквите дизајни во голем број можевме да ги сретнеме и на овогодинешниот милански саем за мебел. Ова дополнително може да ве поттикне да размислувате за нивната употреба и во вашиот дом и вашиот урбан стил на живот.

Пишува:

Викторија Ланговска

Радијатори со вистинско уметничко значење:

Соработката на еден графички дизајнер и еден машински инженјер, придонесе за создавањето на оваа интересна линија на радиатори кои би биле одличен избор за секое урбано живеење.

Овие прекрасни дизајни кои што ги гледате на фотографиите се всушност македонско дело, креирано од страна на дизајнерката Јана Ацевска, а изработени од страна на тимот на компанијата ” Zavar “.

Целата идеја за овие необични и елегантни форми на радијатори потекнува од линијата на накитот на брендот “Kapka Jewelry“, зад чие име стои и самата дизајнерка. Овој бренд се стреми кон создавање на модни додатоци при комбинирање на најразлични материјали и пред се рачно изработени. Токму поради ваквиот пристап, линијата на накит наречена “Hubble Bubble”, со обостраната стручност ја претвориле во колекција на дизајнирани радијатори.

Во оваа колекција, како основа за сите дизајни се користат три различни форми, со различни димензии, кои навлегуваат една во друга со што го создаваат апстрактното уметничко дело. Материјалите на големите парчиња кои се дел од самите дизајни се изработени од челик, а пак најмалите се декоративни. Тие покрај тоа што можат да бидат изработени од челик, исто така можат да бидат и од дрво, бакар или месинг.

Сакајќи да се задржи и оригиналниот филигрански дизајн кој што се појавува во накитот, тука тој е трансформиран во вид на тенки цефки кои подоцна се префарбани во колоритни бои.

Тесната врска која ја имаат овие радијатори со самиот накит, нивната голема функционалност со изглед кој плени и причината дека тие се македонско дело е уште едно дело кое вреди да го имате во домот и од кое тешко би можеле да го тргнете погледот.

Пишува:

Викторија Ланговска

Arne Jacobsen – архитект кој создал безвременски дизајни на столици:

Арнe Емил Јакобсен (Arne Emil Jacobsen 1902-1971) бил дански архитект кој покрај неговата успешна кариера во архитектурата, најмногу е запаметен по неговиот дизајниран мебел. Едноставни, но доста фунционални, ергономски и моќни, “Јајце Столицта” (The Egg Chair) и “Лебед Столицата” (The Swan Chair) се неговите најуспешни дизајни кои што сеуште можеме да ги најдеме на пазарот и во секој урбан ентериер.

 

Јакобсен е роден во Копенхаген и таму ги завршил и своите студии по архитектура. Како и повеќето млади архитекти, тој на почетокот започнал со проектирање на приватни куќи. Неговиот стил се равивал по примерите на скандинавските ментори каде што едноставноста и минимализмот ја завземаат главната линија во секој дизајн.

Со секој нареден проект стилот на Јакобсен започнал да станува се’ повеќе експериментален и неговиот интерес кон продукт дизајнот се’ повеќе се зголемувал. Така во 1951 тој го направил првиот модел на Ант столицата, со кој што постигнал неверојатен успех, особено кон крајот на 20-от и почетокот на 21-от век. Оваа столица (долу на фотографијата) многу често можеме да ја сретнеме во модерните ентериери на денешното време.

Кон крајот на 50-те години на изминатоито век тој ја добил најголемата шанса, со која што можел да ја реализира својата идеја за комбинирањето на продукт дизајнот со архитектурата. Тој имал задача да го проектира “САС Ројал Хотелот” (SAS Royal Hotel) во Копенхаген. Под негов дизајн спаѓале, не само архитектурата и мебелот во него, туку и предметите кои што се продавале во сувернирницата и секој најмал детал кој што го поседувал овој хотел. Токму од овој негов проект поизлегле и двата негови најпознати дизајни на столици Јајце Столицата и Лебед Столицата.

Овој дизајнер и архитект станал доминантна фигура во данската архитектура и оставил силен печат во областа на дизајнот на мебел насекаде во светот. Покрај неговите најголеми безвременски дизајни на столици како Јајце столицата, Лебед, Ант и Серија 7, тој исто така постигнал голем успех и во дизајнирањето на кујнска опрема кон крајот на 60-те години.

Пишува: Викторија Ланговска

OKTA – дизајн за 2014

Bonaldo, и оваа година е добитник на награда за дизајн, овој пат за дизајн на масата OKTA. Дизајнот на OKTA е добитник на Good Design Award 2013, во категоријата на мебел.

bonaldo-octa

 

Good Design Award е интернационална награда за дизајн, која се доделува на најиновативните производи од годината. Good Design Award е во организација на чикашкиот музеј за архитектура и дизајн, со традиција уште од 1950год. Сите дизајни кои се добитници на наградата влегуваат во стална изложбена поставка на музејот.

Името ОКТА, потекнува од зборот „окто“  со значење „осум“. Се однесува на 8-те точки на потпирање на ногарката. Невообичаена визуелна леснотија, наспроти цврстината и стабилноста која ја поседува.

Ногарката може да биде изработена во сјаен метал – хром или пак да биде обоена во црна или бела боја.

Горната плоча може да биде лакирана бела, антрацит сива, ореов фурнир како и сив даб. Најиновативна варијанта е посебно дизајнираната плоча од керамика, која овозможува највисоко ниво на перформанси – може да биде бела или антрацит сива. Ја има и во кристал стакло – црно и бело.

Ја има во димензии: 200 x 100cm, 250 x 100cm или  300 x 108cm

Octa_Table_01_gallery Octa_Table_02_gallery Octa_Table_03_gallery

Octa_Table_04_gallery

BonaldoOcta6Octa

Осветлувањето – важен елемент на ентериерот

Осветлувањето има двојна улога во ентериерот – функционална и декоративна. Тоа е составен елемент на уредувањето на просторот и од неговите ефекти значително зависи комплетното чувство во просторот.

Функционалната улога на осветлувањето е ислкучително важна. Правилно осветлениот простор во кој се работи или престојува го олеснува или забрзува реализирањето на сите активности. Тоа особено доаѓа до израз во работните простории, кујните, детските соби, бањите, библиотеките итн. Работната маса треба да биде осветлена од левата или од предната страна, а работните површини како на пример кујнските, од фронталната, како не би дошло до засенување на истите.
Slika2Осветлувањето во бањата исто така мора да биде квалитетно бидејќи во тој простор се реализираат активности кои бараат исклучителна прецизност како што е нанесување на мејк-ап на пример. Покрај централното осветлување во бањата пожелно е да се постави осветлување покрај огледалото, а дополнително осветлување може да се постави ислкучиво од декоративни односно амбиентални причини како на пример создавање на романтично чувство за време на бањањето односно туширањето.
Slika3Декоративната улога на осветлувањето се остварува преку начинот, видот, обликот, бојата и јачината на распространувањето на светлината. Светлосните ефекти можат потполно да го променат доживувањето на просторот така што со нив често се трансформираат повеќенаменските простории кои преку ден можат да имаат една намена, а навечер друга. Слични ефекти можат да се постигнат и во станбени простории, во кои сегменти на пример од дневната соба може да се користат како работен простор, а истовремено и како простор за опуштање.
Slika4Во секоја просторија, независно од основната потреба за поставување на функционално осветлување, кое ќе осигура правилно осветлување и користење на просторот, пожелно е да се постави и декоративно осветлување. Играта на светлината го збогатува просторот и овозможува просторот исполнет со ист мебел и бои да добие нов, поинаков израз. Со светлосните ефекти наједноставно се менува доживувањето на просторот, па токму тоа е совет за сите оние кои сакаат да внесат брзи промени во ентериерот.
Slika5Освен со начинот на распространување на светлината, расветните тела можат да го декорираат просторот и со својот сопствен дизајн. Скулптуралноста на лустерите или подните лампи внесуваат уметнички карактер во просторот. Така обликуваните расветни тела не е потребно да се ускладуваат со останатите елементи на ентериерот ниту по боја, ниту по материјал. Скулптурално дизајнираните расветни тела добиваат можност исто како и уметнички дела да бидат независни во пораките кои ги испраќаат кон корисниците на просторот.
Slika6Одбирањето на расветните тела е многу индивидуален чин. Иако се во тренд и понатаму расветни тела со XXL димензии, покрај нив може да се комбинираат помали или точкасти расветни тела. При изведби во комплексни простори, во кои осветлувањето има битна улога, но и во приватни станбени објекти во кои се сака да се постигнат квалитетни светлосни ефекти, препорачливо е да се ангажира light дизајнер. Тој со своите пресметки и стручно знаење ќе направи квалитетни решенија во склад со просторните можности. Начинот на осветлување и ефектите кои треба да се добијат зависат од многубројни фактори, па често се случува и покрај големите инвестирања да се добие краен резултат кој не е задоволувачки и тоа само затоа што во целото решение не е вклучена стручна личност.
Slika7Осветлувањето е исклучително важен елемент на ентериерите. Најчесто се поставува како последно во просторот, кога финансиските средства се значително исцрпени. Затоа често се бираат привремени ефтини решенија, кои на крајот стануваат конечни. Но тоа е потполно погрешен пристап. Осветлувањето мора да се планира од самиот почеток и тоа низ проект, како што треба да се планира и количеството на финансиски средства кои треба да се вложат. Водете сметка за важноста на осветлувањето на просторот за да можете максимално да уживате во него.
Slika8

Кујни кои предизвикуваат воздишки на восхит:

Примерот на кујните кои што ќе ги видите во продолжение се она што само италијанците можат да го создадат како дизајн, а ние сме сеуште многу чекори наназад во однос на размислувањата за формата и функцијата на истите.

Брендот stosacucine, кој меѓу разновидниот дизајн на мебел, во своето портфолио презентира и кујни кои буквално предизвикуваат воздишки на восхит. Нивната форма, поставеност на горните елементи во сооднос со долните, уптребата на најразновидни материјали, завршетокот на вратичките или ивиците на полиците, комбинацијата на бои, суптилните или сосема скриени рачки се едни од многуте фактори кои директно влијаат на дизајнот и кои што само врвните дизајнери можат да ги соединат на овој начин.

2500x1432_1422285603_55250_68bf6cbfb4c2abacea301ac0e6d18c02

2500x1455_1412674508_22694_b02266724783a5a5e2b970a44337c484
2500x1875_1381219889_47169_f8bd60d4ad16aa57900f587660c762d6
Во некои од примерите можеме да забележиме и дека во горниот дел на елементите се користени засечоци кои формираат некој вид на неправилен четириаголник, наместо стандардната коцкаста или правоаголна форма со агли од 90 степени. Ваквиот начин на игра на горниот дел, создава една нова, интересна визуелна слика на кујната.
2500x1430_1381219881_57355_8712086399df1a97586b0f60cca22abd

2500x1455_1412674534_44339_81e951b8fa4de42fcbbf0fc1c72f8be1

2500x1500_1422285632_31043_a18fdd8730b650d4979ee8c95dbc8b69

2500x1604_1422285552_89481_4b96ec6755360f9ca3ca7ab1f43f5a1a

Друга интерсна иновација кај овие кујни е тоа што горните делови се третирани како полици и плакарчиња кои што повеќе би ги сретнале во дневниот простор, отколку во кујниот. Онаа стандардна форма на правоаголни кутии закачени на ѕид за што повеќе да се складираат предмети, буквално се избегнува. Модерниот начин на живеење, налага нови стандарди и stosacucine знаат како да го наметнат тоа.
2500x1875_1381221906_86329_79917a88a238f1f401d48ae5df894a7a

2500x1875_1381221916_91729_d0221cfeca30173a027850b882066e45

2500x1875_1402317649_03685_7aa18ab9c63c6a751a743e99da0dab00
Наше е да одбереме на кој начин ќе живееме, но во денешно време кога многу од врвните дизајни секојдневно ни се пред очите и свесни сме за сите оние карактеристики со кои отскокнуваат од другите, заслужуваме да го одбереме најдоброто.

Пишува,
Викторија Ланговска

Канта за отпадоци со перфектен изглед:

Браќата Ричард и Антони кои стојат зад светски познатиот бренд Joseph Joseph, уште еднаш не изненадија со еден неверојатен дизајн. Веќе знаеме дека овој бренд содржи широка палета на кујнски производи, кои не само што имаат совршен изглед, туку и навистина ни ја олеснуваат работата во кујната.

Овој пат тие со својата имагинација отидоа толку далеку што направија вистинско ремек дело од една обична канта за отпадоци. Доколку сеуште не можете да си замислите како поразлично може да изгледа една форма на канта која секојдневно ни е пред очите, тогаш погледнете повнимателно и веднаш ќе можете да ја воочите разликата.
PicMonkey Collage

1780817_979598165385846_4472550430233263982_n

10959547_979598428719153_1354151652573456816_n
Оваа канта за отпадоци е наменета за т.н. паметно двоење на отпадокот или рециклирање, кое на многу едноставен начин ни помага да ја одвоиме органската храна, пластиката, хартијата, стаклото и сл. Таа се состои од три дела. Најмалата кофичка со капак која зафаќа половина од отворот на кантата е најпогодна за класифицирање на органската храна. Капакот лесно се отвора и се закачува од станата на самата кофичка со што лесно ни овозможува да ги истуриме остатоците од чинијата, тенџерето и сл. Останатиот простор е всушност површина за остатокот од отпадокот.
10013255_979598425385820_909256069513737268_n
Она што е најинтересно кај оваа канта е тоа што во најдолниот дел се наоѓа фиока која е всушност трета, па доколку се ограничи на половина може да биде и четврта поделба за класифицирање. Па така земајќи ги сите погодности за лесна поделба на отпадоци на оваа канта, спакувани во еден доста интересен и модерен изглед може да се каже дека овој предмет е нешто што навистина би ни било повеќе од потребно во нашата кујна.
10978502_979598422052487_8633572708786637363_n

maxresdefault
Повеќе за овој совршен дизајн можете да погледнете тука или да се обратите директно во прсториите на Карес.

Пишува:
Викторија Ланговска

Бојата за ентериер која ќе ја одбележи 2015 година:

Пролетта и периодот по Велигденските празници, се совршено време кога можете да планирате и реализирате поголемо реновирање на вашиот дом. Доколку сеуште не сте се одлучиле во која насока сакате да го сторите тоа еве неколку предлог идеи за трендовите кои се предвидени оваа година.

Иако кај нас – во Македонија, секогаш се случува задоцнето да доаѓа одреден тренд кој во моментот на големо зема замав во Европа, истото не пројде како исклучок и оваа година. Неодамна кај нас беше поставен Саемот на Мебел за 2015 година и многу од излагачите промовираа бои кои беа во тренд дури пред две-три години. Тоа се однесува на тиркизната боја, светло сината, циклама, жолтата, портокаловата и слично, што е голема спротивност на онаа палета која што моментално важи за “ин”.
2015 Година е предвидена како година која во областа на дизајнот на ентериери ќе биде одбележана по смирените и топли тонови кои соодветно си одговараат со бакарната, бронзената, и бојата на старо злато и сребро.
7ca7831bc1e309d38b9fbd526ee77bd7

4
Онаа боја која можеби и најмногу би можела да се земе како боја за оваа година е т.н. guilford green. Тоа е боја која има светло зелена нијанса со сребреникав ефект. Според експертите оваа боја внесува позитивност во ентериерот, лесно се комбинира и одговара со секоја визуелна глетка низ прозорецот.
6
2
5
Она што е најинтересно како заклучок за моменталните трендови е она што дури и мнохроматската палета е модерна за вашиот дом. Уредувањето на сите елементи во една боја како со бела, беж или сива е нешто што можеби е и најлесната опција, со која не се навлегува во ризик и е целосно во тренд. Во овој случај она што морате да го знаете е тоа што ќе ви биде потребно добро решение за поставеноста на светечките елементи и што е можно повеќе амбиентални светла со кои што ќе може да си играте во просторот.
3

7
Ваше е да одлучите дали ќе ја одберете модерната зелена нијанса или некоја друга, дали ќе бојадисате одредени делови или ќе одите на монохроматско уредување, но секогаш бидете во чекор со модерното живеење и докажаните производители.

Пишува:
Викторија Ланговска

Што значи “Intelligent Waste™” корпа за мудро управување со отпад?

Ви го претставуваме новиот производ на Joseph&Joseph, иновативната корпа за управување со отпад која е специјално креирана да се прилагоди на потребите на модерниот живот.

Totem е корпа која зафаќа исто толку простор колку и обичната, меѓутоа нуди многу повеќе функционалности.

Оваа корпа која одлично изгледа во секој простор, на иновативен начин ги решава секојдневните проблеми со управување на отпадот. Може да се искористи и за складирање на најразлични предмети, а за сите оние кои се грижат за природата им овозможува ефикасно сортирање на отпадот за полесно рециклирање.

Continue reading

12