Централното место во домот – ТV ѕидот:

Местото во домот во кое што се поминува најголемиот дел од времето и она кое што прво остава впечаток за сликата на целиот ентериер е секако дневниот простор.

Низ вековите во минатото, постоеле многу различни места кои што претставувале центар на еден простор околу кој се собирале луѓето и каде што ги извршувале поголемиот дел од обврските. Долго време тоа бил делот каде што бил поставен каминот, односно оганот. Тој бил главниот и најзначајниот дел за домакините и гостите.

Крајот на дваесеттиот и почетокот на овој дваесет и први век со себе носат одредени промени во однос на центарот на еден домашен ентериер. Сега нашето вниманието е целосно свртено кон ѕидот каде што е поставен телевизорот и со тоа тој станува главен центар за престој и пречек на гостите.

Поради овие нови промени, т.н. ТV ѕид ја завзема главната улога при уредувањето на просторот. Не само што овој ѕид треба да изгледа примамливо и стилски, исто така треба да се води сметка дека ѕидот кон кој константно сме свртени не треба да биде премногу оптеретен, затоа што на тој начин би ни создавал замор наместо релаксација.

За уредувањето на главните ТV ѕидови, најубаво е да се употребуваат модуларни елементи во правоаголна или коцкаста форма, кои ќе можете да ги наместите онака како што вас најмногу ќе ви одговара во сооднос со телевизорот и другите предмети. Ваквите елементи дозволуваат да си поигруваме со нив и да создаваме многу различен изглед на главниот ѕид, а исто така и се совршено место за поставување на скриено амбиентално светло кое дополнително ќе го разубави амбиентот.

Доколку се мислите каде можете да најдете ваков тип на елементи, тогаш ова е одлична прилика да појдете во салонот на Крес и да одберете квалитетни елементи кои засекогаш ќе ја запечатат убавината на вашиот дом.

Пишува: Викторија Ланговска

Како да го бојадисате домот ова лето:

Во еден од изминатите постови каде што зборувавме за трендовите на 2013-та на Саемот за Мебел во Милано, веќе го споменавме “ombre” стилот како новитет. Поради неговото прелевање од една во друга боја, овој стил е одличен за домот во летниот период и затоа еве неколку примери како можете да го употребите.

 

Доколку решите да го бојадисувате домот овој период, воопшто нема да погрешите ако одберете боја која ќе се прелива од потемно кон посветло. Тоа можете да го направите со суптилно, меко прелевање или пак поконтрастно како на пример во хоризонтални риги.

Друг начин на кој што можете да го постигнете овој стил е преку тепихот. Тој е одличен детал во просторот кој многу може да влијае на изгледот на вашиот дом. На него можете да имате бои кои без некој правилен редослед би се прелевале од една во друга. Како предлог разгледајте ги сите опции на квалитетни теписи во Карес.

Покрај поголемите предмети во ентериерот, тука се секогаш и малите детали. Омбре навлаки за перничиња, транспарентните завеси, вазните и сите додатни предмети за на маса се одлична прилика да се постигне ваквиот стил.

Употребувајте ги прелевањата на боите од морето. Темно сината, пурпурната, светло лилаковата, тиркизната, резедата, пасателните нијанси па се до белата. Нека биде вашиот дом со љубов, а летото со стил.

Пишува:

Викторија Ланговска

Здрава храна, за здрав живот

 

Конзумирањето на здрава храна е клучна за вашето здравје. Внесувањето на храна богата со хранливи материи помага за подобро варење на храната, го одржува мозокот активен, обезбедува доволно енергија и ги зајакнува коските и мускулите. Други придобивки од внесувањето на здрава храна во вашиот организам се: намалување на можноста за настанување на хронични болести, ослободување од стресот, како и намалување и контролирање на вашата телесна тежииа.

hrana-all

 

Зрнести плодови

Плодови како што се малините, имаат најмногу хранливи влакна кои содржат анти-канцерогени својства. Јагодите се богати со витамин Ц, кој е добар за кожата. Боровинките се богати со антоцијанини и антиоксиданси кои помагаат за подобрување на меморијата, но и го јакнат имунитетот.

Лушпа од Портокал

Лушпата од портокалот е полна со флавоноиди кои се познати борци против ракот. Д-лимонене е уште една состојка која ја има во портокаловата лушпа, а е докажана во борба против штетните УВ зраци и го намалува ризикот од рак на кожата.  Витамини, минерали, растителни влакна се само дел од работите кои ги има во лужшите од овие овошја.

Сладок компир

Слатките компири содржат алфа и бета каротен. Телото ги претвора овие соединенија во витамин А, кој помага при одржувањето на здравјето на очите и коските и подобрувањето на имунитетот.

Брокула

Овој зеленчук претставува пакет од витамини Ц, А и К (кој им помага на коските). Содржи и фолна киселина која помага при стимулирањето детоксификација на ензимите во организмот.

Чај

Чајот е богат со антиоксиданси наречен флавоноиди. Со редовно пиење на чај го намалувате ризикот од Алцхајмерова болест, дијабетес и некои видови рак. Тој исто така ги подобрува забите и непцата и ги прави коските посилни.

Спанаќ

Спанаќот е преполн со важни хранливи материи: витамини А, Ц и К, како и со растителни влакна, железо, калциум, калиум, магнезиум и витамин Е. Спанаќот е добар извор на фолна киселина и витамин Б (растворлив во вода) кој помага за формирање на нови клетки, правејќи го особено важен за трудници.

Јогурт

Јогуртот содржи „добри бактерии“ кои помагаат за одржување на здравјето на стомакот. Тој е исто така богат со калциум, кој помага во спречување на остеопорозата.

 

hitportal-zdrava-hrana

Штетната пластика наспроти Тритан пластиката!

Дали сте свесни за штетното влијание на пластиката? 

Пластиката секојдневно зазема се поголем удел во нашиот живот, но не секоја пластика е безбедна за употреба. Практична е, лесна и едноставна за употреба и претставува најприспособлив материјал измислен досега, но е штетна.

Општо познат факт е дека пластиката претставува еден од најголемите загадувачи во општеството. Хемикалиите кои се состојат во синтетичката амбалажа влијаат негативно врз човековото здравје (особено кај децата), но и врз непосредната околина. Овие хемикалии предизвикуваат  низа болести како и прекумерна тежина, срцеви удари, главоболки па дури и неплодност.

Пластиката која е безбедна за употреба најчесто вклучува: медицински сирупи, козметика во туба, амбалажите за кечап/мајонез. Додека со штетна пластика се среќавате додека пиете вода од пластични шишиња за вода, додека земате кафе за носење или пак кога јадете брза храна спакувана во амбалажа.

 

Најчесто луѓето не се свесни во каква пластика е спакуван производот кој го употребуваат, но затоа на секоја амбалажа мора да стои ознака. Постојат 7 најчесто користени вида на пластика, од кои само три се безбедни (2-HDPE, 4-LDPE и 5- PP).

  • PET (Полиетилен) – е  најупотребувана во светот. Служи за производство на шишиња и прехранбени производи, најчесто за еднократна употреба. Испуштаат тешки метали како антимон и EPA.
  • HDPЕ (Густ полиетилен) –  е најчесто непроѕирна. Се работи за добра пластика, која речиси никогаш не испушта штетни хемикалии во водата. Се рециклира.
  • PVC (Поливинил хлорид)Оваа пластика испушта две отровни хемикалии кои го попречуваат делувањето на хормоните во организмнот.Тоа е цврста и издржлива пластика која слодржи хлор.
  • LDPE (Негуст полиетилен) – Не е опасна, не се употребува за изработка на шишиња туку за пластични ќеси за храна. Од рециклиран ЛДПЕ се прават кантите за ѓубре, ѕидни и подни облоги.
  • PP (Полипропилен) – Ова е „добра“ пластика. Обично е бела или полупроѕирна. Се користи многу често во медицината. Од ПП се направени и дел од амбалажите за јогурт и за кечап.
  • PS (Полистирен) – Оваа пластика во водата ја испушта канцерогената метерија Стирен. Во полистирен најчесто се пакува брзата храна, кафе во чашки, јајца, месо, како и кутии за ЦД.
  • PC (се што не влегува во другите категории)Најлошата пластика која најчесто се користи а испушта BPA. Од неа се прават шишенца за бебиња, спортски шишиња и садови за домаќинство.

 

Од друга страна постои и така наречената Тритан пластика која е безбедна за користење.

  • Тритан е BPA-free plastic – не е преработена со Бисфенол А (BPA) или пак со други бисфенол супстанци како што е BPS.
  • Оваа пластика е отпорна на надворешни влијанија.
  • Тритан е цврста пластика која го продолжува векот на шишињата за вода или амбалажите за храна
  • Може да се користи во машина за садови
  • Нема естрогенска или андрогенска реакција.
  • Полесна е од стакло.
  • Тритан е сертифицарана пластика за употреба преку- GREENGUARD Indoor Air Quality Certified®

БПА Слободен Тритан е дизајниран да биде подобар од останатите. Подобар е од стакло., од нерѓосувачки челик. Подобар од било која друга пластика.
Тритан не содржи БПА, БПС или било кој друг Бисфенол. Производите изработени со Тритан пластика се јасни, трајни, безбедни и стилски.

Без разлика дали ќе ви падне, ќе го миете безброј пати, продуктите направени од оваа пластика траат. Тритан пластиката е поиздржлива од било која пластика или пак стакло. Таа нема да се свитка или пукне додека се мие во машината за садови.

Подолу се прикажани прoизводите кои се изработени од Тритан пластика.

Untitled2

Пирамида на здрава исхрана!

Да се јаде здраво значи да се внесува одредена количина на храна неколку пати на ден. Секоја индивидува треба да јаде балансирана и разновидна храна адаптирана на нивниот начин на исхрана. Многу е битно да не поминува многу време помеѓу оброците во текот на денот. Препорачано е да се внесуваат 5 оборци на ден.
Често многу луѓе го забораваат најбитниот оброк во денот и го прескокнуваат а тоа е: Појадокот.

За да се храните здраво треба да се водите според магичниот триаголник кој се состои од: Зеленчук, карбохидрати и протеини.

7

Имајте на ум дека треба да се внесува храна од трите групи, но битно е да не се внесува се одеднаш.

На пример: Ако спортувате ќе потрошите многу енергија, затоа пред да спортувате внесете поголема количина на карбохидрати. Од друга страна пак ако сакате да имате ниско калоричен оброк, јадете поголема количина на зеленчук.

Помеѓу оброците и вечерата не заборавајте секогаш да вклучите храна од сите три групи.

8

V = Зеленчук

C / H = Карбохидрати (храна богата со скроб – паста, ориз, компири, мешункасти плодови итн.)

P = Протеин (месо, јајца, риба, мешункасти плодови)

 

*Внесувајте големо количество на вода.

*За готвење користете маслиново масло.

*За десерт земете овошје

Попладневните ужинки се одличен начин да ги надополните потребните хранливи материи кои се неопходни за да нашиот организам функционира нормално.

Земете овошје во случај да не сте внеле или пак сендвич доколку сте биле доста активни во текот на денот и сте потрошиле доста енергија.

9

Подолу е прикажана табела која ќе ви помогне полесно да ги запаметите броевите на оборците кои треба да ги внесувате на дневна база.

10

Рециклирање

По дефиниција, рециклирањето претставува процес на преобразба на веќе употребените производи во суровини, кои повторно можат успешно да бидат употребени за добивање производи, еднакви со оние од кои тие произлегле или за добивање на сосема нови производи.

Општеството во кое живееме се нарекува уште и “потрошувачко општество”. Сите ние, секојдневно, купуваме и користиме голем број на производи. Зад секој производ што го користиме има огромни количини потрошени природни ресурси, штетни хемикалии испуштени во водите и почвата и илјадници тони јаглерод диоксид и други стаклеклички гасови испуштени во атмосферата.

Рециклирањето е лекција од природата која треба да се научи и применува. Сè си има своја функција и сè се движи во кругот на различна примена: она што е отпад за едни – е храна за други. Лисјата кои паднале на есен во градскиот парк се храна за почвата од која на пролет ќе изникне нова трева, од која истите дрвја ќе црпат храна за новите лисја.

Истиот принцип можеме да го примениме и ние, луѓето во нашето производство и потрошувачка. За да обезбедиме одржлив развој за нашата и сите идни генерации, треба сите вклучиме во кругот.

Хартија
Сите видови хартија кои се користат во домот, на работа, или било каде, можат да се рециклираат, а во процесот на преработка се добива пулпа од која се произведува нова хартија.

Со рециклирање еден тон канцелариска хартија, се спасуваат 17 стебла дрво, се заштедуваат 4.200kW енергија и 3.200l вода, а од еден тон пластика можеме да добиеме дури 1.000l гориво.

Стакло
Сите видови на стакло, освен огноотпорно стакло, се материјал кој се рециклира при што на многу поедноставен начин (стаклото се крши на ситни парчиња и се топи) се добиваат нови производи од стакло или пак некои стаклени амбалажи можат повторно да се полнат по нивно темелно прочистување.

Пластика
Пластиката како материјал кој не се разградува во околината е дури опасен ако не се рециклира, поради канцерогените елементи во самата структура на пластиката. Со рециклирањето се добиваат ситни пластични парчиња кои потоа се користат во производство на било какви пластични производи.

Текстил
Најпознатиот материјал кој се рециклира е текстилот, воглавно поради едноставното донирање на употребувана облека или нејзино повторно продавање. Познатите черги, кои постарите ги изработуваат од стари парчиња облека, се одличен пример за рециклажа на текстилот.

рециклирање

Метал
Мeталните материјали (најчесто алуминиумски или железни амбалажи) се најполезни за рециклажа поради големата потреба од метални суровини, кои потоа се користат повторно за производство на истите производи или за било кои други метални производи.

Електронски и електричен отпад
Ова е тн. опасен отпад кој содржи доста отровни материи и супстанци и ако непрописно се фрлаат, предизвикуваат загадување на околината со испарување на отровните материи со што лошо влијаат и на здравјето на луѓето (предизвикуваат најразлични тешки заболувања и дегенерации). Тука спаѓаат компјутерите, мобилните телефони, ЦРТ мониторите и слично. Одредени делови се рециклираат, а остатокот треба прописно да се складира и да се искористи за добивање на енергија.