За сигурен дизајнерски избор – столици од Pedrali:

Уредувањето на еден простор никогаш нема да може да ја добие посакуваната слика доколку не се нуди добар избор на мебел на пазарот. За среќа сега ја имаме таа можност и преку Kares иамаме достапност и до врвните производители на мебел кои нудат најразлични форми.

fashioncafe_02
Кога станува збор за уредувањето на еден стан или куќа, свесни сме дека за целосниот изглед влијаат многу различни парчиња на мебел бидејќи во ваквиот простор бараме и функционалност од истите. Но кога се работи за уредување на еден јавен објект како: кафичи, ресторани, библиотеки, универзитети, аеродроми и слично, за целосната слика на просторот, најмногу влијае мебелот кој што се мултиплицира и многу често тоа знаат да бидат столчињата.
iloftcafe_03
Докажаниот италијански бренд Pedrali нуди еден широк спектар на дизајнерски столици кои сами по себе се толку елегантни и необични што навистина е задоволство да се одбира од нивниот каталог. Мултиплицирањето на ваквите дизајнерски стоици го дефинира целиот дизајн на јавниот простор и дозволува само преку изборот на соодветната столица да се одреди карактерот на еден кафич или ресторан. Овој пример можете да го забележите на фотографиите подолу со употребата на овие столици во многу познати објекти како: ресторани, аеродроми, библиотеки во Франција, Италија, Финска, Шпанија, Јапонија и уште многу други земји низ светот.
barunibocconi_01

kanazawacity-library_02

aviv-espresso-06

pasticceriaconato_01

zuccheranto_01

imperialtobacco_01

beachclubsanjose_01

bigmall_05
Изборот на столчињата колку што звучи дека е најлесната задача при дизајнирањето, исто толку може да биде и најтешката. Затоа доколку ги осмислите главните референци за тоа каков стил сакате да презентирате преку вашиот простор, која е целната група која сакате да ја привлечете и кои се останатите бои, форми и материјали во просторот, важно е да се знае дека формата на столицата и не е толку важна колку што е фактот дека истата треба да се вклопи во амбиентот и да функционира како дел од една целина во истиот.

Пишува:

Викторија Ланговска

Полици кои никогаш не можат да станат здодевни:

Формата на полиците повеќе не е единствениот начин на кој што може да се постигне уметнички приказ на еден простор. Италијанската компанија за мебел Santa Lucia која секогаш се стреми кон што поиновативен и софистициран дизајн, овој пат создаде линија на полици кои не би можеле да излезат од мода и никогаш не би ни здодеале.
integra.jpg2-01
Станува збор за полици во едноставна геометриска форма, коцкасти или правоаголни во кои што одредени делови се акцентирани преку нивната колоритна внатрешност или апстрактна позадина.
Овие полици можеме да ги видиме во различна палета на бои, од природни нијанси на дрво до најразновидни нијанси на бои.
integra.jpg3-01

integra.jpg7-01

integra.jpg4-01
Совршенството во дизајнот на овој бренд, се состои во начинот при комбинирање на вертикалните и хоризонтални површини, на затворените со вратички и отворените делови и на комбинацијата на материјалите. Сите овие делови споени заедно создаваат еден простран уметнички приказ на целиот ѕид на кој што би биле поставени полиците.
Онаму каде што се игра со позадината на отворената полица, која најчесто сме навикнати да ја гледаме со некоја евтина шперплоча, кај овие полици истата е искористена како главен елемент за акцентирање кој дозволува отворените делови да ги гледаме како парчиња од некоја реална слика.
integra.jpg9-01

integra.jpg6-01

integra-01
Овие полици се уште еден доказ кој ни сведочи за иновативноста и квалитетот при создавањето на врвните италијански брендови кои неслучајно се одбрани за водечки во светот и ја диктираат моменталната мода во ентериерот.

Пишува:
Викторија Ланговска

Новите форми на комодички кои се во мода:

Се’ повеќе сме сведоци на фактот дека еклектичните ентериери се во мода во полседните неколку години. Интересната игра при комбинирање на различни форми и стилови во мебелот овозможија целосно да се исфрлат од мода комплетите од неколку парчиња мебел наменети за една просторија. Оваа промена во уредувањето најмногу може да се забележи во спалните соби каде што комплетите од плакар, две комодички, тоалетна маса и слично беа елементи кои незамисливо беше да ги купиме одделно.

10

Комодичките кои секогаш се поставуваа од едната и од другата страна на креветот и најчесто ги наоѓавме во коцкаста или правоаголна форма, со фиока или вратичка, сега можеме да ги најдеме во најразлични форми како кружни масички или пак во ретро облици со закосени ногарки.
Покрај ваквите необични форми голема улога играат и столните лампи кои исто така го надополнуваат изгледот. Нив често можеме да ги видиме и како висечки лустери кои се спуштаат дури од плафонот.

15

13

12

Со овие примери можеме да забележиме дека комодите не само што стануваат еден украсен елемент од спалната соба, туку се и целосно независни од останатиот мебел и на тој начин го презентираат ударниот впечаток на просторијата.
17

16

14

11
Па доколку се одлучите за еден од овие стилови на комоди, како додатен детал одберете некоја убава и квалитетна постелнина или прекривка и вашата спална соба ќе изгледа баш онака како што секој би посакувал да има.

Пишува:
Викторија Ланговска

“App”- странична масичка инспириранa од светот на мобилните апликации

“App” е странична масичка со иновативен дизајн која е специјално направена за да ги задоволи потребите на модерниот свет.

Името и обликот на оваа масичка “App” дизајнирана од Radice Orlandini, се инспирирани од светот на мобилните апликации.

 

Се состои од основа во црна или бела боја, дрвени ногарки и скриен отвор за кабли кој Ви дозволува да го наполните Вашиот мобилен телефон или да приклучите ламба.

6App е создадена за да го олесни нашиот живот бидејќи ги чува сите наши технички гаџети наполнети и при рака.

Меѓутоа тоа не е се-оваа масичка има и простор каде може да се складираат списанија и далечински управувачи (до вашата софа) или вашата омилена книга, часовник или накит (во вашата спална соба).

domus-01-orlandi-domitalia

 

До двор од соништата со Карес!

Во денешно време не постои човек кој не би сакал да има убаво уреден двор каде ќе може да помине повеќе време како со семејството така и со пријателите. Во овие топли денови дворот е едно од омилените места за одмор и опуштање. Заедно со пријателите, во убавата сенка може да приготвите скара,  да прочитате некоја добра книга додека го пиете вашето кафе или пак да направите забава. Воедно ноќните забави и седенките со пријателите и фамилијата ќе бидат совршени доколку се надополнат со соодветно осветлување кое ќе создаде совршен и посебен амбиент.

Доколку имате можност и желба да го направите вашиот двор од соништата Ви препорачуваме да ги погледнете следните производи за во двор од Карес!

 

Omina – p столчињата се произведени од Domitalia и се направени од полиетилен.

D--inetpub-Produzione-www.domitalia.it-public-explorer_prodotti-884_terrat2

Terra – tb маса за надвор е произведена од Domitalia и се направена од полиетиленска рамка, топ од ламинат.

3083_2

Compass – масата за надвор е произведена од Domitalia и е направена од полиетиленска рамка и цементна ногарка.

D--inetpub-Produzione-www.domitalia.it-public-explorer_prodotti-2009_600v1

Phantom – столот за надвор е произведен од Domitalia и е направен од полиетиленска рамка, рециклирачки материјал и има опција да се вгради светло во неа.

D--inetpub-Produzione-www.domitalia.it-public-explorer_prodotti-883_terrat1

Terra – tb маса за надвор е произведена од Domitalia и се направена од полиетиленска рамка, топ од ламинат.

plus

Plus – стол за надвор произведен од Pedrali и е направен од полипропилен.

2422_2

Omnia-v  е повеќенаменски сад за надвор, произведен од Domitalia и е направен од полиетилен.

D--inetpub-Produzione-www.domitalia.it-public-explorer_prodotti-2008_600t3

Babà – столчето е произведено од Domitalia и е направена од полиетиленска рамка и има опција да се вгради светло во неа.

3068_2

Terra-va саксијата е произведена од Domitalia и е направена од полиетиленска и има опција да се вгради светло во неа.