Езерото Лугано се наоѓа на границата помеѓу Швајцарија и Италија и е уште едно инспиративно место за интересни дизајни на куќи. Овој дизајн на куќа кој што го гледате на фотографиите е всушност еден од многуте примери на куќи со панорамски поглед кон езерото.
Куќата е поставена на една карпа, што и овозможува поглед кон езерото од повисоко, целата е изработена од стакло, а ивиците и се кружни. Внатрешниот простор е поделен на две нивоа каде што, дневната соба, кујната, трпазаријата и помошните соби за складирање на различни предмети се поставени на горниот спрат, а пак трите спални соби, двата тоалети и гаражата се на пониското ниво.
Двете нивоа си имаат сопствен надворешен простор кој што е тесно поврзан со ентериерот, но исто така имаат и различна идилична глетка. Едниот гледа кон планината, а пак другиот кон езерото.
Оваа форма на куќата и овозможува континуирана вентилација и апсорбирање на светлината. Поголемиот дел на оваа куќа гледа на север и поради тоа, белиот под овозможува рефлекција на светлината која што доаѓа од запад.
Ова е уште една интересна идеја и пример за куќа каде што внимателно се земени во предвид сите позитивни и негативни страни при проектирањето со цел да се создаде интересно и функционално решение.
Пишува: Викторија Ланговска