DOIMO SALOTTI
Doimo Salotti произведува софи, фотелји и останати додатоци со најголема прецизност во однос на деталите. Повеќе од 50 години (од 1968-ма година) компанијата продолжува со производство на овие парчиња мебел, со локација во Тревизо, Италија. Компанијата зафаќа површина од 25.000 квадратни метри. Големиот избор на материјали, штоф или кожа, модуларните софи, софите кои се пуштаат, аголните гарнитури, фотелјите, како и останатите додатоци наменети за дневната соба, обезбедуваат префинети и елегантни линии, но и одговор на модерните трендови. Индустриското искуство на компанијата овозможува истата совршено да одговори на потребите за удобност и комфор, комбинирајќи ги со автентична занаетчиска вредност.
Doimo Salotti го извезува најдоброто од италијанското производство во светот со јасна и транспарентна порака: „Нашите софи се направени да траат со текот на времето!“
„Наша специјалност е да произведеме комфор кој ќе трае низ годините.“
Изработка на совршена софа за вас, која едноставно ќе ја емитува целата страст и иновација со која е создадена.
Штофот и кожата се природно исклучително удобни, бидејќи се резултат на долгогодишно искуство во производството на тапациран мебел.
Софите на Doimo Salotti стануваат клучен момент за релаксација и пријатност во текот на денот. Токму затоа, ергономијата на сите составни елементи од софата е од непроценливо значење: бараме иновативни материјали коишто постојано можат да ги задоволат потребите на потрошувачите. Софите имаат можност за прилагодливост и модуларност, така што ќе одговараат на секој животен простор. Материјалите се практични и лесни за одржување, така што добивате квалитетна гарнитура, извонреден дизајн и неизмерно задоволство.
„Прво одбирате за себе, а потоа ги препорачувате на останатите во вашата околина.“
Објаснувањето на квалитетот на софите од Doimo Salotti е како подготовка на вкусна торта: потребни се најдобрите состојки, кои воедно најпрецизно ќе се измерат. Потребно е да се следи вистинскиот рецепт и се да се измеша со искуство и компетентност.
Софите се произведуваат со најквалитетните италијански суровини, избрани од проверени добавувачи кои споделуваат со нас етички и професионален кодекс. Квалитетот на софите е транспарентен и јасно опишан во техничките документи на истите, кои секако потрошувачите ги добиваат. Услугата после извршената продажба е на највисоко ниво, така што на располагање стојат сите информации во однос на одржувањето.
Сето ова се мали, но конзистентни детали коишто резултираат со квалитет кој прво се набавува за себе, а потоа се препорачува на останатите.
30% ПОПУСТ НА ГАРНИТУРИ
LOGAN
Структурата на оваа софа е исполнета со полиуретанска пена, со густина 21kg/m3. Седиштето е исполнето со недеформирачка полиуретанска пена со густина 30 kg/m3, а наслонот од софата е направен од 50% мешавина од пердуви и 50% полиестер. Софата може да биде во фиксна или модуларна верзија. Има хромирани, метални ногарки, со висина од 15 цм.
Модуларна е, ја има во варијанта на двосед, тросед, аголна гарнитура како и посебни елементи и табуретка.
Исто така, достапна е во различни димензии и категории на штоф, врз основа на кои цената ќе варира. Категориите на штоф се распоредени по следниот редослед: C, D и E, при што цената е најниска за категорија C, а највисока за категорија E.
RALF
Седиштето на оваа софа е исполнето со недеформирачка полиуретанска пена со густина 30 kg/m3, а наслонот од софата е направен од 50% мешавина на пердуви и 50% полиестер. Софата може да биде во фиксна или модуларна верзија. Има дрвени ногарки, во vintage-бронзен финиш, со висина од 5 cm. Моделот поседува и наслон за грб кој се крева т.е. спушта.
Модуларна е, ја има во варијанта на двосед, тросед, аголна гарнитура како и посебни елементи.
Исто така, достапна е во различни димензии и категории на штоф, врз основа на кои цената ќе варира. Категориите на штоф се распоредени по следниот редослед: C, D и E, при што цената е најниска за категорија C, а највисока за категорија E.
MARSHALL
Marshall доаѓа единствено во варијанта како софа-кревет, а специфична е по тоа што ветува релаксација, совршено е удобна и обезбедува неверојатна поддршка, благодарение на стандардниот механизам за прицврстување кој лесно се прилагодува за да ја добиете посакуваната висина на потпиарчот за грб. Меките полнети перници овозможуваат ненадминлива удобност. Доаѓа во комплет со одделот со перница кој се наоѓа на задниот дел од потпирачот за грб, метална база на креветот која е електро-заварена и е фантастична потпора за душекот и отстранлива прекривка.
Душекот пак е изработен од недеформирачка полуретанска пена со густина од 25 kg/mc и има висина од 17 cm. Душекот има должина од 198 cm и може да биде во следните ширини: 120, 140 или 160 cm. Како таков, тој е создаден за секојдневна употреба и буквално ќе ви нуди парче мир и спокој после напорните работни денови.