Dolcevita е модел со класичен стил и врати кои се специфични по врежаната форма т.е. модел и со централен панел. Кујната го реинтерпретира италијанското занаетчиство и нуди непогрешлив гламур и стил. Силата на кујната лежи токму во создавањето на евокативни средини, кои истовремено го оптимизираат и просторот. Одличните финиши и рафинираните декоративни детали ја карактеризираат секој композиција на моделот. Вкупно има 44 различни финиши и бои, кои ќе имате можност да ги погледнете во про-
Функционалноста на секој составен елемент, од средно високите единици до страничните единици со вградени прегради; од стаклените врати со рамки во англиски стил, од базичните единици со длабоки фиоки и слично, создава хармонија. Хармонијата допринесува за елеганција која е збогатена со софистицирани декоративни елементи како што се на пример рачките, кои се украсени со сертифицирани Swarovski кристали.