Ентериер

Ентериер во две бои и два типа на материјали

Овој ентериер е многу интересен пример каде што владеат само црната и белата боја, а од материјалите употребени се само дрвото и металот.

Како основа и појдовна точка се земени ѕидовите и подот кои што на одредени места се бојадисани во темно сива боја, а пак на други места се сосема бели. Ваквите силни контрасти го исполнуваат просторот и на тој начин уште од самиот почеток го дефинираат стилот.

Што се однесува до мебелот, тука се употребени најразлични типови на дрво. Најнагласен е делот кај трпезаријата каде што доколку внимателно разгледате можете да забележите дека се појавуваат дури и до седум различни нијанси, од најсветла до најтемна кафена боја.

Во дневниот простор за основа е земена белата боја, а покрај малите дрвени детали, како најнагласен акцент се појавува скалишниот простор кој води кон другото ниво на куќата.

Во овој ентериер има голем продор на светлина од огромните прозорци поставени на едната страна од куќата, што дополнително ги нагласува црните предмети во салонот како на пример фотелјата и металната ограда од галеријата составена од преплетени жици.

Целиот овој еднобоен простор го пресекуваат сите поединечни детали и слободно може да се гледа како избалансирано уметничко дело.

Пишува: Викторија Ланговска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

twenty − 16 =