Мирис и Звук
George е електронски дифузер на мирис во кој се вметнува капсула со мирис. Капсулите се со различни мириси во 4 категории. Во себе содржи литиумска батерија која може да се полни со USB кабел (времетраење до 9 часа). Има две брзини.
GMP-3

Лесно и едноставно.

Сега можете да ја слушате омилената музика од вашиот смарт телефон или таблет преку лесна Bluetooth конекција, додека уживате во мирисите. Поврзете го електронскиот освежувач со вашиот смарт телефон или таблет само со притискање на копчето означено Bluetooth.

 

1. Кога копчето ON/OFF е наместено на ON, индикаторот посинува.

2. Кога ќе го допрете копчето Function еднаш светлото станува зелено. Тоа значи дека 10 минути ќе е вклучено, па 10 минути ќе е исклучено.

3. Кога ќе го допрете копчето Function по втор пат светлото станува портокалово. На овој програм освежувачот ќе работи 12 часа, па 12 часа ќе биде на пауза, се додека не се потроши батеријата.

4. Кога ќе го допрете копчето Function три пати се исклучува.

Целото упатство за употреба можете да го прочитате тука.

Погледнете го видеото за да видите како се ова работи практично.
GST-4

Достапен во повеќе бои

4 различни мириси

Нова колекција од 4 категории на миризливи капсули, направени со мешавина на 100% природни етерични масла. Гарантирани се незаборавни миризби и исклучиво позитивни ефекти од ароматерапијата. Овие шест извонредни мешавини се најчисти есенции на природата и се прецизно истражени и избрани за да го подобрат амбиентот во дневната соба или на работните места.

 

Мирисите се поделени во 4 колекции:

  • IL GIARDINO DELL’ANIMA – за опуштање и релаксација
  • IL GRANDE VIAGGIO – патувајте низ светот на мирисите
  • CIAOZZZ – ослободете се од комарците
  • SECRET SPACES – откријте ја вашата сензуалност

IL GIARDINO DELL’ANIMA

Се е направено од енергија. Секогаш кога ќе се сретнеме со некој предизвик или проблем, чувствуваме отсуство на енергија. Таа енергија можеме да ја надополниме и да ги стимулираме нашите внатрешни енергии кои струјат низ нас. Со помош на овие етерични масла, можеме да ја стимулираме енергијата која што сакаме да преовладува или од која што имаме недостаток. Ако ни треба концентрација и подобра меморија,  мешавината на цитрус, мандарина и портокал, ќе ви помогнат во тоа. Доколку не можете да ја избалансирате вашата внатрешна енергија и сте под постојан стрес, нането и лимонот ќе ви помогнат да го подобрите протокот на енергија и ќе ви овозможи ваша енергетска избалансираност. Заспивањето ќе биде полесно доколку и дозволите на лавандата да ви помогне во тоа. Нурнете во градината на етеричните масла и запознајте го новиот свет на енергии.

IL GRANDE VIAGGIO

Запознајте го светот преку неговите мириси. Отпатувајте и пренесете се на местата каде што ќе ве однесат аромите и почувствувајте ја енергијата од таа земја.

 

CIAOZZZ

Ослободете се од хаосот од комарците во летните периоди со овие летни, свежи и цветни ароми, кои истовремено ви даваат свежина и цветни ноти во вашиот дом.

SECRET SPACES

Сексуалната тензија е најесенцијална во една врска. Наречете ја тантра или добра енергија. Помогнете да се оствари и доживејте екстазични моменти. Зачинете ја вашата врска со “secret spaces”.

Алтернативно ви го нудиме и Otello кои ги има истите функции, но за поголеми простории. Сега намален за 25%. Го има во еден финиш: сребрен.