Ентериер

Карактеристики на скандинавското ентериерно уредување (прв дел)

Уште во почетокот на 20тиот век, природата, климата и традицијата се главните фактори кои што влијаеле низ целиот скандинавски остров и успеале низ годините да развивијат еден посебен стил во ентериерното уредување кој е познат како скандинавски стил.

Поради долгите зими, кратките лета и недостатокот на светлина и топлина, на овој остров, се повеќе почнало да се користат природните материјали и се она што можело да се најде во околината. Така постепено почнал да се развива стил исполнет со мебел изработен од природни материјали, големи прозорци каде што владее природната светлина и како најважно голема функционалност во просторот.

Користењето на природното дрво како појдовна точка при дизајнирањето на еден скандинавски ентериер, денес е доведено до степен каде што дизајнерите многу успешно ги комбинираат традиционалните техники со модерната технологија.

Многу карактеристично за овој стил е употребата на бел под од дрво, без разлика дали се работи за дрвени панели или пак паркет, посакуваниот интензитет на белата боја, се постигнува преку употреба на посебна технологија која е развиена токму во тој крај.

Недостатокот на светлина како што веќе напоменавме поради малкуте сончеви денови, допридонело во овој стил да се користат многу интересни типови на отвори за прозорци кои што ги има на многу места низ домот, а пак како завеси за истите да се користат само транспарентни материјали или пак воопшто да не се користат.

Продолжува…

Пишува: Викторија Ланговска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

1 × one =