Ентериер

Крактеристики на скандинавското ентериерно уредување (втор дел)

Скандинавскиот стил на мебел се појавува паралелно со идејата за внатрешното уредување. Уште при самите почетоци бил лесно препознатлив, веднаш прифатен и ценет од страна на светските дизајнери.

За изработката на мебел, во овој стил се користат само природни материјали и денес многу развиена технологија. Формата на мебелот се придржува кон минимализмот и модуларноста со која лесно може да се располага.

Поради немањето на доволна светлина, како што веќе споменавме, еден скандинавски ентериер изобилува со многу додатни амбиентални осветлувања. Најчесто ваквите осветлувања се сместени насекаде низ просторот и се во различни големини и форми, со што се постигнува еден убав и удобен амбиент со мека светлина.

Што се однесува до боите кои се употребуваат во овој стил, може да се каже дека ладните бои доминираат малку повеќе во однос на другите. Бела боја, сина, беж, крем, сива и маслинесто сива се боите кои можат да го дефинираат денешното живеење во скандинавскиот стил, но секако се користат и топли бои за да означат одреден акцент во просторот. Тоа можат да бидат колоритни черги изработени од пачворк, волнени ќебиња, перничиња и слично, а доста попоуларен е и дезенот на риги. Севкупно гледано целата слика повторно се состои од природните материјали: памук, волна и лен.

И како за крај, стилот кој што е намногу ориентиран кон природата и здравјето, всушност е невозможно е да се замисли без многу зеленило и цвеќиња. Колоритните нијанси на природата се пренесени во сите делови на ентериерот и ја надополнуваат целата слика.

Со сите овие карактеристи за кои што зборувавме до сега, можеме да заклучиме дека токму во скандинавскиот стил ја пронаоѓаме хармонијата и удобноста која е потребна за секој дом.

Пишува: Викторија Ланговска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

5 × 4 =