1964 год.
Тоскана, Италија: првите кујни беа изработени во столарска работилница, во просторија од само 300 метри квадратни.
1985 год.
Семејството Sani, сопственици на Stosa, го надгледуваат растот и консолидацијата на фирмата.
1990 год.
Купувањето на нова поголема фабрика, во областа Вал ди Паглија. претставуваше голем чекор напред.
2000 год.
Бизнисот е трансформиран во акционерско друштво. На тој начин, Stosa го прави главниот чекор да стане меѓународен бренд.
2008 год.
Stosa станува меѓународен холдинг, проширувајќи се со ново седиште од над 50.000 квадратни метри.
2019 год.
Брендот Stosa денес е број 1 производител на кујни на светско ниво, подготвен да одговори на сите предизвици и амбиции.
Со решенијата и кујните на Карес ќе уживате во едно од најскапоцените вредности: вашето време дома.
Со анализа на најновите трендови, комбинација на креативноста и функционалноста, како и континуирана размена на идеи, Карес е дом на дизајн и култура, базирано на духот на иновации. Дизајнот на Карес е прилагоден за постигнување на една клучна цел: извонредност. Флексибилноста значи избор на повеќе од 30 модели на кујни, 1000 различни финиши, 500 бои и преку 100000 комбинации. Уникатните производи и решенија на Карес даваат сосема ново уникатно искуство во просторот и стилот.
ДОКОЛКУ СТЕ ВО ПОТРАГА ПО КУЈНА КОЈА ЌЕ БИДЕ ЦЕЛОСНО ИДЕНТИЧНА СО ОНАА ОД ВАШИТЕ ЗАМИСЛИ, ВИЕ СТЕ НА ВИСТИНСКОТО МЕСТО!
MОДЕРНИ КУЈНИ
Со овие кујни се воспоставува нов стандард – револуција во модуларноста на елементите, со допир на иновација и технички детали за уште поелегантен дизајн. Функционалноста е на завидно ниво, на начин кој овозможува доволно простор кој ќе одговори на вашите потреби.
Вниманието посветено на деталите и ригорозната ергономија се уште две фундаментални карактеристики со кои можете да се осигурате дека добро организираните, лесно одржувачки кујни секогаш ќе ги задоволат вашите потреби.
Техничка иновација, пред сè: политиката на насочената инвестиција на Карес доведува до создавање на еден од најмодерните системи за производство во бизнисот, со високо ниво на автоматизација, оптимизиран проток на производство и логистика и се разбира, напреден процес на развој на производот.
КЛАСИЧНИ КУЈНИ
Нашиот асортиман вклучува и класични кујни. Италијанскиот квалитет на класичните кујни нуди комбинација на традицијата со современиот стил, уредувајќи го „срцето на вашиот дом“ онака како вие посакувате.
Кујните се карактеризираат со класична нота и современ пресврт, базиран на елегантни облици и обоени дрва , создавајќи нов персонализиран стил. Притоа секогаш ќе имате избор на најразлични финиши и на бои, но и на материјали.
Вниманието посветено на деталите и ригорозната ергономија се уште две фундаментални карактеристики со кои можете да се осигурате дека добро организираните, лесно одржувачки кујни секогаш ќе ги задоволат вашите потреби.