Голем избор на модерни кујни, дизајнирани со големо внимание посветено кон деталите, со цел да се одговори на потребите кои се очекуваат од просторот и секојдневниот живот.
Покрај стандардните елементи, кујните се проектираат и со модифицирање на елементите дадени на долните графици. Во секој простор може да се вклопи нестандарден елемент, зависно од потребите.
Барањето за реализација вклучува мерење на елементот, кој мора во секој случај да биде придружено со цртеж на производот.
Фундаментални вредности
Replay е луксузна, модерна кујна која лесно се препознава по своите сјајни или мат полимер врати со дрво или обоена завршна обработка. Кујната Replay може да се интегрира со системот на Gloria со вградени рачки.
Metropolis кујните се карактеризираат со неограничената комбинација на материјалите и оригиналните решенија за било која средина. Кујната се стреми да ги комбинира боите и завршниците: дрво и мермер, сјајни и мат површини, светли и темни нијанси итн.
City кујните се мешавина на повеќе инспирации: дизајн од минатот толкуван со современа слика, давајќи неконценционален, креативен стил. Ги комбинира грубите површини од даб, бриззо даб, белиот даб или песок со мебел од метал и лим, кои потсетуваат на атмосфера во индустриски стил.
Со новата кујна Natural се поставува нов стандард – револуција во модуларноста на елементите, со допир на иновација и технички детали за уште поелегантен дизајн. Оваа генијална кујна ја искористува природната убавина на дрвото како ресурс во 5 различни нијанси.
Beverly кујната се карактеризира со класична нота и современ пресврт, базиран на елегантни облици и обоени дрва, создавајќи нов персонализиран стил.