Рецепти

Ладуре – дом на највкусните макаронси на светот

Париз е град кој константно ги шармира сите генерации на разни полиња – мода, музика, архитектура или храна. Но, дали знаевте дека Париз е познат по подготвоката на вкусни макаронси? Доколку некогаш се најдете таму, а ги обожавате овие колачиња, ние го имаме местото каде што тие се подготвуваат до совршенство – Ладуре!

Ладуре е луксузна француска пекара, која произведува слатки и солени задоволства уште од 1862 година. Станува збор за еден од најпознатите и најпризнатите брендови во светот, благодарение на подготовката на извонредните макаронси. Во прилог на тоа оди податокот дека Ладуре продава над 15.000 макаронси дневно. Импресивно, нели?

Во Париз постојат 6 продавници кои припаѓаат на ланецот Ладуре, а секоја од нив привлекува со елегантен надворешен изглед, а може да замислите каков колорит ве очекува во внатрешноста, кога станува збор за вкусните кремави и лесно крцкави макаронси! Кога ќе го погледнете широкиот избор на аромирани макаронси, сигурно нема да можете да одолеете на искушението и ќе посакате да пробате што повеќе од нив.

Генерално, макаронсите кои ги подготвуваат се делат на оние од постојана понуда и дополнителни, сезонски вкусови. Сите тие се служат во фантастично дизајнирани кутии. Кого и да прашате во Париз ќе ви каже едно – тие се најдобрите!

Доколку не планирате да го посетите Париз во скоро време, ние имаме сет за подготовка на макаронси, со кој самите ќе го донесете Париз во вашиот дом. Повеќе за производот може да погледнете тука.