Ентериер

Листови од палма – принт за домот кој освежува

Многу често текстурите кои што се во некои посилни бои и крупни дезени ги одбегнуваме бидејќи се плашиме дека истите ќе изгледаат многу нападно во просторот и ќе не ограничуваат за останатите детали. Ова правило до некаде е точно, но секогаш постојат исклучоци и места на кои што ваквите текстури изгледаат многу убаво и уникатно.

Доколку некогаш сте сретнале принт на листови од палма, сигурно сте го одминале, незнаејќи дека овој принт многу убаво може да се вклопи во вашиот летен апартман или место за одмор.

Дневниот простор како простор во кој што поминуваме најголем дел од времето кога сме дома, место каде што многу често имаме многу детали и декорации и место на кое што намногу се плашиме да експериментираме, него можеме да го елиминираме за крупните и нагласени принтови, но затоа местото каде што е поставена трпезариската маса и спалната соба се идеални места каде што можеме да ги употребиме овие палмини листови. Тука никогаш нема многу детали, садовите најчесто се складирани во кујната, а пак алиштата во плакарите. Така различните нијанси на зелените листови ќе можат да дојдат до израз и да го разубавуваат просторот.

Ваквиот принт многу одговара во комбинација со дречливи бои како: тиркизна, розева, портокалова, жолта но исто така и со сјајна црна или кафена можете да постигнете голема елеганција во просторот.

Деталите пак како перничињата, завесите и некои додатни украси или скулптури се секогаш добредојдени за сите места во домот. Затоа доколку сеуште се плашите од експериментирање со ваквите дизајни, бидете сигурни дека нема да погрешите доколку ги употребите нив.

Пишува: Викторија Ланговска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 + 16 =