Дизајн

Living Coral – боја на 2019-та година!

Врз основа на моменталните трендови, дизајни, декорации и модата во целина, Pantone ја прогласува коралната боја 16-1546 Living Coral (портокалова нијанса со златни подтонови) за боја на годината!

Бојата внесува живост и топлина во ентериерот, што дополнително ја подобрува удобноста додека се престојува во просторот. Како резултат на силниот развој на дигиталната технологија и социјалните медиуми и нивното влијание врз секојдневниот живот, сите ние имаме потреба од автентични и извонредни исксутва, кои на некој начин ќе креираат поврзаност. Токму за таква се смета природата на оваа боја. 16-1546 Living Coral ја поздравува и охрабрува таквата промена, симболизирајќи оптимизам и радост.

Претставувајќи ја фузијата на современиот живот, оваа нијанса рефлектира топлина во домот со инспирација од екосистемот т.е. коралните гребени и морскиот амбиент. На тој начин се смета дека е смирувачка и за око и за ум. Се смета дека придонесува за балансирање на естетиката во многу животни аспекти – од модата, па се до домашниот декор.

coral

Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *