Рецепти

Направете сами: Француски macaroon колачиња

Иако денешната верзија на овие колачиња се смета дека потекнува од Франција, нивната првобитна верзија била создадена од италијански готвач кој рецептот го презентирал пред кралицата Катарина Медичи во периодот на ренесансата.

Она што денес го препознаваме како класичен macaroon, две шеќерни колачиња поврзани со фил, се актуелизирало дури во 19 век. Од тогаш го носи и името „сендвич колаче“. Колачињата се карактеризираат со мазна површина и воздушеста внатрешност, а предуслов за добар macaroon е да се „топи“ во устата.

Овие колачиња иако се попопуларни со нивните традиционални филови (чоколадо, ванила, шумско овошје), сепак не се изоставени од измените кои ги налагаат најновите трендови, па така, сега може да најдете macaroon колачиња со полнења од зелен чај, цимет, крем од морков, путер од кикирики или солена карамела.

Во продолжение лесен рецепт за macaroon колачиња на кој нема да останете рамнодушни:

Традиционални macaroon колачиња

ЗА 12 ЛИЦА

ЗА 12 ЛИЦА

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

280 g шеќер во прав
160 g бадеми
Белки од 3 јајца
50 g шеќер
Половина лажичка ванила
Прстофат сол

Оваа количина е за подготовка на 30 единици.

ПОТРЕБНИ АЛАТКИ:

1. Измешајте го шеќерот во прав со мелените бадеми.

2. Во посебен сад изматете ги белките од јајцата со миксер. Додадете еден прстофат сол, а постепено додавајте го обичниот шеќер се’ додека не добиете густа смеса. Додадете една половина од шеќерот во прав и мелените бадеми и убаво промешајте. Додадете ја ванилата, а потоа останатиот дел од мешаниот шеќер во брав и мелените бадеми и продолжете со мешање додека смесата убаво не се соедини.

3. Ставете дел од мешавината во DECOMAX шприцот и полека истиснувајте ја смесата во означените полиња во специјалната силиконска модла наменета за macaroon. Ознаките ќе ви помогнат во тоа кога тестото се шири да не претече и секој macaroon да има перфектна големина.

4. Оставете ја наполнетата модла на собна температура помеѓу 30 и 35 минути. Гответе во загреана рерна на 150ºC, од 20 до 25 минути со додека макаронсите не се оформат и добијат цврстина.

5. Повторете го процесот за преостанатата смеса.

6. Кога ќе се оладат наполнете ги во средина по ваш вкус и желба.