Рецепти

Tzatziki сос за љубителите на свеж изварок

Сирењето е деликатесен производ кој го збогатува вкусот на другата храна, се конзумира самостојно, а најдобрите карактеристики ги истакнува во придружба на чаша добро вино. Во однос на видовите на сирење постојат навистина голем број, а поделбата се врши во зависност од суровината, начинот на преработка, начинот на зреење и потеклото. Така што сирењето претставува производ каде секој може да го најде она му се допаѓа.

Tzatziki сос за љубителите на свеж изварок

ЗА 2 ЛИЦА

1 ЧАС

ПОТРЕБНИ СОСТОЈКИ:

750 мл. свежо млеко
1 и пол чаша јогурт + 1 лажица јогурт
Половина краставица
2 лажички оригано
2 чешниња лук
Маслиново масло

ПОТРЕБНИ АЛАТКИ:

УПАТСТВО:

1. Измешајте ги јогуртот и млекото во садот за правење на сирење и оставете ги на собна температура околу 10 минути, а потоа ставете го во микробранова печка на 700-800W околу 13 минути.

2. Извадете го садот и промешајте со лажица. Почекајте садот да се лади околу 30 минути, а потоа затворете го капакот и ставете го во фрижидер околу 1 час.

3. Извадете го садот од ладилникот и процедете ја смесата. Добиениот изварок измешајте го со исецканите лук и краставица, додадете оригано и маслиново масло и уживајте во вкусната храна!

ВАЖНО! БИДЕТЕ ВНИМАТЕЛНИ КОГА ГО ЗАТОПЛУВАТЕ МЛЕКОТО! Во микробрановите печки, течностите можат да се загреат до температура која е повисока од точката на вриење, без тоа да биде видливо со око. Дури и додавањето на прибор или состојка можат да предизвикаат ненадејно вриење и течноста да претече. За тоа да не се случи, ви го советуваме следното:

  1. Следете ги инструкциите од упатството на производителот на вашата микробранова печка.
  2. Не го прегревајте млекото повеќе од препорачаното во брошурата или рецептот.
  3. Промешајте го млекото пред да го ставите во микробранова печка.