Ентериер

Неколку причини зошто да ја користите индиго бојата

Индиго бојата која често се нарекува и аристократска боја, има неверојатна моќ во себе и остава многу силен впечаток уште од најстарите времиња па се до денес. Оваа боја на изглед е мешавина од темно сина и виолетова, а се добива ако измешаме една-третина црвена и две третини сина боја (подеднакво помешани пак црвената и сината создаваат виолетова боја).

Во минатото, уште од античкото време оваа боја била многу тешко достапна. Се произведувала само во Индија, затоа што токму од таму потекнува растението (Indigofera tinctoria), по кое што е наречена оваа боја и поради неговата реткост, постигнала многу висока цена.

Ткаенините бојадисани во индиго боја, можеле да си ги дозволат само богатите луѓе, односно аристократијата, па затоа често оваа боја ќе ја слушнеме како – аристократски сина.

Како и сите останати бои, така и индиго бојата има психолошко влијание врз човекот. Таа одсегогаш се сметала за боја на интуицијата, перцепцијата и на интелигенцијата. Се смета дека многу помагала во медитацијата со цел да се достигне високо ниво на концентрација. Исто така се смета дека има својство да го подигне нивото на перцепција и помага во согледување малку подлабоко на се’ она што не опкружува.

Оваа боја има навистина голема моќ доколку ја користите и во ентериерот. Различната светлина и менувањето на аголот под кој што паѓа истата, овозможува различно перцепорање на бојата. Некогаш повеќе сина, некогаш повеќе виолетова, а за нејзиното психолошко влијание веќе прочитавте. Има навистина многу причини зошто треба да ја пробате оваа боја и во вашето секојдневно живеалиште.

Пишува: Викторија Ланговска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

seven + 5 =