Здрав Живот

Никулци – главни придобивки за вашето здравје

Веќе на сите ни е познато дека храната која можеме да ја црпиме од природата е база за здрава исхрана, а со тоа и за здрав живот. Често слушаме за храна со нула калории, а притоа да нуди максимална корист за нашето здравје. Таков тип на „зеленчук“ се всушност никулците. Македонските речници терминот „никулец“ го толкуваат како зачеток на растението, односно самиот почеток на појавување на стеблото од семето или коренот. Но веруваме дека тоа сите го знаете. Она што е најважно за никулците е нивната хранлива вредност, со оглед на тоа дека содржат високо концентрирани нутритивни придобивки. Полни се со витамини и минерали, а истовремено имаат ниска калорична вредност и богатство на растителни влакна, ензими, протеини и слично. Како такви, тие ќе го подобрат вашиот имунитет, дигестивниот систем, шеќерот во крвта и ќе придонесат за уште многу придобивки за вашето здравје, кои ќе ги разгледаме во продолжение.

Кој тип на растенија се погодни за ‘ртење?

Речиси од секое семе може да израстат никулци, се разбира, доколку семето е наменето за употреба во исхраната. Препорака е семињата да се набавуваат во продавниците за здрава исхрана, бидејќи во останатите непроверени продавници може да се случи истите да не се најздрави за јадење, бидејќи се обработени со разни хемии, што секако не се добри за човековиот организам. Најчесто споменувани производи за ‘ртење се: пченицата, сусамот, брокулата, грашокот, ротквиците, јачменот и пченката, бадемите, хељдата, руколата, целерот, копривата, магдоносот и слично.

Во продолжение, краток преглед на содржината и придобивките на некои од најчесто споменуваните типови на никулци:

НИКУЛЦИ ОД ПЧЕНКА – содржат бекловини, магнезиум, витамин Е и витамините од Б групата. Го поттикнуваат метаболизмот, го намалуваат стресот и се препорачуваат да се воведат во исхраната на деца и повозрасни луѓе.

НИКУЛЦИ ОД БРОКУЛА – содржат сулфурафан и други антиоксиданси, премногу витамини и минерали, а помагаат во лекувањето на некои видови на карцином и други заболувања.

 

НИКУЛЦИ ОД ГРАШОК – содржат белковини, компоненти кои обезбедуваат рамнотежа на организмот и одржуваат стабилно ниво на шеќер во организмот.

НИКУЛЦИ ОД ЛЕЌА – содржат белковини, цинк, фосфор, манган, селен, железо, витамини А, Б, Ц и Е. Делуваат како диуретик, а го зајакнуваат срцето и имунитетот.

 

Топ 8 придобивки од консумацијата на никулци

Генерално, никулците содржат значителна количина на протеини и диетални (растителни) влакна, како и витамин Ц, витамин A, тиамин, ниацин и слично. Во однос на минералите, содржат манган, бакар, цинк, магнезиум, железо и калциум. Истовремено тие се извор на ензими, кои се неопходна основа за здрав живот. Но, кои конкретно придобивки ги имаме од консумацијата на никулците?

1. Го подобруваат дигестивниот систем и варењето на храната
Ензимите кои се содржат во никулците помагаат за поттикнување на разните метаболички процеси, особено варењето на храната. Диеталните влакна на тој начин ги решаваат и проблемите со столицата.

2. Го забрзуваат метаболизмот
Како што веќе напоменавме, никулците содржат ензими кои и не се така достапни во другите типови на храна. Протеините кои ги содржат се особено корисни за одржување и подобрување на органите, регенерација на кожата, зацврстување на коските и развој на мускулите. Со други зборови, ја подобрува целокупната телесна функција и помага во развој на вашето тело.

3. Ја спречуваат појавата на анемија
Анемијата генерално е термин кој означува дефицит на железо. Доколку не консумирате доволно храна која е богата со железо, доаѓа до опаѓање на бројот на црвените крвни зрнца. Тоа резултира со замор, недостаток на концентрација, гадење и стомачни проблеми. На тој начин, никулците ја подобруваат циркулацијата во крвта и ги оптимизираат перформансите на клетките.

4. Помагаат во губењето на килограмите
Никулците имаат многу хранливи материи, но речиси нула калории. Тоа значи дека ќе може да ги консумирате без да се грижите за килограмите. Тие спречуваат да се ослободува хормонот грелин, кој е хормон за глад и покажува кога сме подготвени да внесеме храна.

5. Го подобруваат здравјето на срцето
Никулците се богати со омега 3 масни киселини, кои иако технички се вид на холестерол, тие спаѓаат во оној кој е познат како „добар“ HDL холестерол. Тие се анти-инфламаторни по природа, што значи ќе се намали штетниот холестерол во крвните садови и артериите и ќе се намали стресот на целиот кардиоваскуларен систем. Со тоа се намалува и згрутчувањето на крвта, шансите за срцев удар или мозочни удари.

6. Го подобруваат имунолошкиот систем
Никулците содржат витамин Ц, што ги прави моќни стимуланси и на белите крвни зрнца во телото кои се борат против инфкециите и болестите. Како што никулецот продолжува да никнува и да се развива, витаминот A се мултиплицира по речиси десет пати од оригиналната содржина, а знаеме дека тој има голем број на антиоксидативни својства, кои се одличен извор на сила за имунитетот.

7. Се грижат за видот
Витаминот А е поврзан и со подобрување на здравјето на видот. Имено, тој дејствува како антиоксидантно средство за заштита на очните клетки од слободните радикали. На тој начин, никулците помагаат во спречување на глаукомот, катарактата или макуларната дегенерација.

8. Ги намалуваат алергиските реакции
Некои видови на никулци, како што се на пример никулците од брокули, се поврзани со намалување на алергиските реакции, вклучувајќи ја и астмата.

Проценти на витамини и хранливи материи кои се содржат во порција никулци од брокули (85гр)

Се чини дека целата моќ на природата се населила во малите никулци, за подоцна да му дадат сила на растението и да израсне во здрава хранлива материја. Се смета дека никулците се најздрави кога се јадат сурови. Но сепак заради претпазливост, мора да напоменеме дека може да дојде да појава на бактериски болести и останати инфекции на огранизмот, доколку ги купувате од продавници кои не се специјализирани за здрава храна или останати реномирани извори. Бидете 100% убедени за начинот на одгледување, внимателно измиете ги и на тој начин го елиминирате секој ризик!