Ентериер

Од спортска сала во дом со интересен дизајн:

Доколку некогаш сте се запрашале како би изгледал еден простор на кој би му дале сосема поразлична улога и функција од онаа во која што моментално се наоѓа, тогаш овој енериер ќе ви одговори на прашањето.

Ентериерот кој што го гледате на фотографиите всушност пред да се опреми и дизајнира на овој начин, служел како спортска сала. Голем и простран со метална конструкција, високи тавани и долгнавести прозорци, доколку се замислите за момент, сигурно би можеле да претпоставите како изгледал во таква улога.

Сега, пред нас можеме да забележиме интересно издизајниран простор за домување каде што металната конструкција е бојадисана во бело, подот е со темни  плочки, а прозорците со црни рамки. Во одредени делови се појавува мебел од природно дрво во т.н. цимет боја, што на многу суптилен начин ја затоплува сликата на просторот и така му ја дава самата специфичност.

Во овој ентериер на неколку места се поставени удобни софи за седење и одмарање и тоа во многу впечатлив колорит. Во овие делови од просторот исто така се појавуваат и табуретки кои што истовремено служат и за седење и како мали масички.

Овој пренаменет ентериер е доказ дека местата можат да зборуваат и да раскажуваат различни приказни, а нив секако дека ние ги диктираме.

Пишува:Викторија Ланговска

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

14 + six =