Дизајн

OKTA – дизајн за 2014

Bonaldo, и оваа година е добитник на награда за дизајн, овој пат за дизајн на масата OKTA. Дизајнот на OKTA е добитник на Good Design Award 2013, во категоријата на мебел.

Good Design Award е интернационална награда за дизајн, која се доделува на најиновативните производи од годината. Good Design Award е во организација на чикашкиот музеј за архитектура и дизајн, со традиција уште од 1950год. Сите дизајни кои се добитници на наградата влегуваат во стална изложбена поставка на музејот.

Името ОКТА, потекнува од зборот „окто“  со значење „осум“. Се однесува на 8-те точки на потпирање на ногарката. Невообичаена визуелна леснотија, наспроти цврстината и стабилноста која ја поседува.

Ногарката може да биде изработена во сјаен метал – хром или пак да биде обоена во црна или бела боја.

Горната плоча може да биде лакирана бела, антрацит сива, ореов фурнир како и сив даб. Најиновативна варијанта е посебно дизајнираната плоча од керамика, која овозможува највисоко ниво на перформанси – може да биде бела или антрацит сива. Ја има и во кристал стакло – црно и бело.

Ја има во димензии: 200 x 100cm, 250 x 100cm или  300 x 108cm.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

18 + one =