Ентериер

Оргинални и уникатни детски соби

За детето неговата соба е повеќе од соба за спиење. Таа треба да има простор за игра, за релаксација, за учење и за складирање. Бидејќи во денешно време становите се мали ви предлагаме детски соби во кои сите елементи се сместени на еден ѕид. Композицијата од елементи овозможува максимална функционалност, а притоа ги следи најновите трендови во опремувањето. Заборавете на старите начини на уредување на детски соби и погледнете ги нашите предлози.

Сите функции можат непречено да се извршуваат. Пристап до плакарот кој е со лизгачки врати се добива со извлекување на креветот. На креветот има поставено преграда која има заштитна функција, додека работната маса е вградена во полицата за книги и се извлекува. Во зависност од потребите може да има уште еден кревет со фиока.

Не заборавајте на деталите во разни бои кои ќе ја направат собата уште по весела и разиграна.

Внимавајте материјалот од кој е изработен мебелот да биде еколошки безбеден. Панелите да бидат квалитетни и да го исполнуваат стандардот Е1 и Е0, односно да имаат многу ниска емисија на формалдехид и боите да бидат на водена основа. Испарувањата на формалдехид од панелите може да предизвика главоболка, воспаление на дишните патишта, оштетување на очите, болка во ушите и др. На овој начин на вашето дете ќе му обезбедите здрава средина.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

16 − two =