Рецепти

Пченичен колач со ореви

Пченичен колач со ореви

Состојки:
¼ шоља маслиново или сончогледово масло
¼ шоља шеќер
1 јајце
2 ½ лаж. вода
¼ шоља пченично брашно
1 лаж. сода бикарбона
3 лаж. ореви

Упатство:

• Започнете да ги ставате состојките една по една според горенаведениот редослед во Lékué садот за готвење на пареа. Со додавање на секоја состојка постојано мешајте за да се добие хомогена смеса.
• Затворете го садот и гответе 3 минути и 30 секунди на 800 W. Кога ќе го извадите садот, оставете го затворен уште 2 минути.
• Кога ќе го вадите колачот од садот, внимавајте да не се залепи за рабовите од садот со употреба на нож за путер или со лопатка. Потоа ставете го колачот на тањир.

Совет:
• За декорација можете да го попрскате колачот со ореви.
• Можете да употребите сончогледово наместо маслиново масло за да нема интензивен вкус, или да употребите путер (3 ½ лаж. или 50 гр.) за да го интензивирате вкусот. Следете ги истите чекори.
• Ако колачот долго време стои надвор од фрижидерот и се исуши, можете да го искористите кога правите пудинг од кафе (рецепт на стр. 76).
• Можете да го јадете за појадок, или да направите вкусен благ сендвич.